1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиГерманија

Израел бара од Германија муниција за воени бродови

ЕМФ / дпа
12 октомври 2023

Израел побара од Германија муниција за воени бродови, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус на маргините на средба на НАТО во Брисел.

https://p.dw.com/p/4XQos
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус Фотографија: Florian Wiegand/Eibner-Pressefoto/picture alliance

Израел побара од Германија муниција за воени бродови поради терористичките напади на Хамас, соопшти германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска изутрина (12.10) на маргините на состанокот на НАТО во Брисел. Според информациите на германската агенција ДПА, побарани се и залихи со крв и заштитни елеци. Писториус рече дека сега за барањата ќе се разговара со Израелците. „Ние стоиме на страната на Израелците“, увери министерот за одбрана.

Сојузното Министерство за одбрана претходно потврди дека Германија ќе го поддржи Израел со најмногу две борбени беспилотни летала Херон ТП изнајмени од Бундесверот. Бундесверот моментално изнајмува пет дронови од овој тип.

Вчера попладне, Писториус рече дека нема индиции оти Израел сака да побара од партнерите, како што е Германија,оружје и опрема за војна против Хамас, но ако до тоа дојде, Германија ќе се консултира со партнерите.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема