1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундестагот им оддаде почит на жртвите на Израел

11 октомври 2023

Бундестагот им оддаде почит на жртвите од терористичкиот напад на Хамас во Израел. Шефот на дипломатијата вели дека Германија е „во комуникација“ во врска со заложниците на Хамас, меѓу кои има и германски државјани.

https://p.dw.com/p/4XPZw
Бербел Бас
Претседателката на Бундестагот Бербел БасФотографија: Jens Krick/Flashpic/picture alliance

Бундестагот со едноминутно молчење им оддаде почит на жртвите од нападите на терористичката организација Хамас врз израелските села и градови. На почетокот на пленарната седница, претседателката на Бундестагот, Барбел Бас рече:

„Силно ги осудуваме нехуманите терористички акти против Израел. Нема оправдување за овој терор и мора веднаш да престане. Сите заложници мора веднаш да бидат ослободени“.

Рон Просор и Франк Валтер Штајнмаер
Амбасадорот Рон Просор и претседателот на Германија, Франк Валтер ШтајнмаерФотографија: Stefanie Loos/AP/picture alliance

На комеморацијата во Бундестагот учествуваа и претседателот Франк-Валтер Штајнмаер и израелскиот амбасадор во Германија, Рон Просор. 

Бербок: Перфидна игра на Хамас 

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, е длабоко погодена од терористичките напади на исламистичкиот Хамас врз Израел. „Тоа беше како 11 септември за Американците. Страшно е“, изјави политичарката на Зелените.

Нападите претставуваат јасна пресвртница, рече Бербок. Секој во Германија познава некого во Израел кој бил погоден - „понекогаш тоа се дури и членови на семејството“. Таа повтори дека безбедноста на Израел е германски и европски национален интерес.

Министерството за надворешни работи на Германија вчера соопшти дека меѓу 150 заложници киднапирани од Хамас има и Германци. Бербок не кажа колку Германци биле заробени. Според информациите на ЗДФ, најмалку пет Германци се киднапирани, а најмалку еден наводно загинал. 

Аналена Бербок
Министерството за надворешни работи на Германија вчера соопшти дека меѓу 150 заложници киднапирани од Хамас има и Германци.Фотографија: Felix Zahn/photothek/IMAGO

Бербок: Помогнете им на заложниците 

Министерката нагласи дека е „нон-стоп“ во контакт со колегите од регионот и актери кои „имаат директни канали за комуникација со Хамас“. Во однос на заложниците се бара секакво решение, „но со терористичка организација како Хамас, е тешко“, нагласи политичарката на Партијата на зелените. Има информации и за „варварски силувања и колење дури и на мали деца во Израел“.

„За жал, сржта на тероризмот е да се создаде што е можно повеќе терор. Тоа е 'перфидна игра' што ја игра терористичката организација. Заложниците ќе се користат како жив штит, исто како и локалното цивилно население“, рече Бербок.

Се разговара со Египет, Јордан и Катар. Германија и нејзините европски партнери се обидоа јасно да им дадат до знаење на земјите од Персискиот залив дека за тероризмот нема место во регионот. Да се разговара со сите актери - тоа е кризна дипломатија за да се стави крај на „страшното крвопролевање“.

„Помошта за Палестинците редовно се контролира“ 

Големиот напад на Хамас, исто така, доведе до дебати за помошта за Палестинците. Некои тврдеа дека Германија префрла пари директно на палестинските власти, рече министерката за надворешни работи. „Тоа не е случај со помошта за развој“. Меѓутоа, помошта редовно се проверува.

Сепак, важно е „да не се запре снабдувањето со храна, вода или хуманитарна помош за два милиони Палестинци кои зависат од тоа“, рече Бербок, „бидејќи терористите би го искористиле тоа“. Тие се потпираа на „играњето со потребите и страдањето на населението“. Бербок додаде: „Дури и да ви гори срцето, треба да останете со ладна глава во такви ситуации“.

 

Како во Германија се реагира на теророт во Израел

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема