1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиГерманија

Евакуација на Германците од Израел

ЕМФ / дпа
11 октомври 2023

Луфтханза утре и задутре ќе евакуира германски државјани од Израел, соопшти германското Министерство за надворешни работи.

https://p.dw.com/p/4XNge
Авион на Луфтханза на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив
Авион на Луфтханза на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел АвивФотографија: Georg Ismar/dpa/picture-alliance

 

На барање на Министерството за надворешни работи во Берлин, Луфтханза утре и задутре (12/13.10) ќе евакуира германски државјани од Израел.Дневно ќе бидат реализирани по четири летови. Лицата кои се регистрирале во кризната листа „ЕЛЕФАНД“ денеска треба да бидат информирани за тоа како можат да резервираат билети за вонредните летови на Луфтханза. Германските државјани кои сѐ уште не се регистрирале во листата се повикани тоа да го сторат најбрзо што можат.

Центарот за одговор на кризи на германското МНР претходно интензивно преговараше со авиокомпаниите за проширување на капацитетот на летовите. Министерката за надворешни работи Аналена Бербок постигна договор за летовите со шефот на Луфтханза, Карстен Шпор. Министерството е во близок контакт со 17 младински групи кои се наоѓаат во Израел. Четири групи безбедно ја напуштија земјата.

Радикалната исламистичка палестинска група Хамас со изненадувачкиот голем напад врз Израел рано во саботата (7.10) ја предизвика најтешката ескалација во конфликтот на Блискиот Исток во последните години.

Како во Германија се реагира на теророт во Израел

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема