1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиГерманија

Дали Германија е загрозена поради војната на Блискиот исток?

БЈ | АРД
17 октомври 2023

Војната на Блискиот Исток влијае и на безбедносната ситуација во Германија. Високорангирани политичари, предупредуваат дека тоа би можеле да го искористат и „други протагонисти“- првенствено Русија.

https://p.dw.com/p/4XaU6
Пропалестински демонстрации во Берлин на 14 октомври 2023
Пропалестински демонстрации во Берлин на 14 октомври 2023Фотографија: Erbil Basay/Anadolu/picture alliance

Политичарот од редовите на Зелените, Константин фон Ноц, кој претседава со Комитетот за контрола на службите за разузнавање, изрази загриженост за безбедносната ситуација во Германија по нападот на Хамас врз Израел. Безбедносната ситуација која веќе беше „прилично напрегната“ поради, меѓу другото, руската агресија против Украина, „значително се влоши поради неодамнешните настани на Блискиот Исток“, вели политичарот, чиј парламентарен комитет ја контролира и работата на медиумската група „Функе“.

Константин фон Ноц, претседавач со Комитетот за контрола на германските служби за разузнавање
Константин фон Ноц, претседавач со Комитетот за контрола на германските служби за разузнавањеФотографија: Thomas Trutschel/photothek/picture alliance

Претставници на повеќе надлежни институции денеска ќе одговараат на прашањата на комисијата на Бундестагот одговорна за контрола на тајните служби - вклучително и претседателите на Сојузната служба за заштита на уставниот поредок, Германската разузнавачка служба и Сојузната канцеларија за военото контраразузнавање на седница отворена за јавноста. Безбедносната ситуација во Германија по нападот на Хамас врз Израел, веројатно ќе биде едно од централните прашања. Покрај тоа треба да се разговара и за активностите на Русија преку кои Кремљ се обидува да изврши влијание во Германија.

Обиди за дестабилизација на демократијата

„Мора да бидеме многу внимателни и да се погрижиме актуелната ситуација да не биде искористена од други протагонисти, кои ја загрозуваат нашата безбедност“, рече фон Ноц. Тој притоа мисли на разузнавачките служби од други земји кои „долго време намерно се обидуваат да ја дестабилизираат нашата демократија“. Тој додава дека „организираниот десничарски екстремизам и тероризам“ исто така претставуваат опасност.

Како во Германија се реагира на теророт во Израел

Фон Ноц повторно повика на затворање на здруженијата како што е Исламскиот центар во Хамбург, кој со децении е под надзор од страна на Сојузната служба за заштита на уставниот поредок (тајната служба која дејствува во рамки на Германија) и кој се смета за продолжена рака на иранскиот режим, кој пак и честиташе на терористичката организација Хамас за саботниот напад врз Израел и го опиша како „пресвртница и продолжување на борбата во форма на вооружен отпор“.

Некој вид „Газа во Германија“?

Израелскиот амбасадор во Германија, Рон Просор, предупреди дека не смее да се дозволи да се појави некаква Газа на германско тло. Таква опасност се заканува доколку здруженија како палестинската мрежа Самидун и други поддржувачи на Хамас продолжат да ја злоупотребуваат германската демократија, рече тој во заедничката утринска програма на германските јавни телевизиски сервиси АРД и ЗДФ. Членовите на палестинското здружение Самидун и нивните симпатизери ги прославија нападите на Хамас врз Израел на улиците на Берлин и други германски градови.

Израелскиот амбасадор во Германија, Рон Просор
Израелскиот амбасадор во Германија, Рон ПросорФотографија: DW

Германија веќе не треба да дозволува да се прска со спреј Давидовата ѕвезда на еврејските куќи во Берлин, поради што многу Евреи веќе не се осмелуваат ни да излезат на улица. Во врска со актуелната ситуација во Израел, Просор додаде дека е јасно „оти палестинското население во Појасот Газа мора да биде ослободено од Хамас“. И покрај сите напори, Израел не може да гарантира заштита на невиното цивилно население, се додека Хамас ги користи овие луѓе како штит.

Да се сменат одредбите во законот?

Политичарите уште еднаш повикаа на поостри мерки против антисемитските агитатори во Германија. Потпретседателката на ЦДУ, Карин Прин, рече: „Мораме да им го одземеме просторот за дејствување, да им ги затвориме џамиите, нивните кафулиња и клубови и да ги конфискуваме псредствата што инаку би се користеле за вршење терор во светот“. Прин, портпаролка на Еврејскиот форум на ЦДУ, во текст за весникот „Билд“ напиша дека мора да се заострат правните последици од поддржуање на терор и антисемитизам во сите области. Сепак, таа не го објасни ова поконкретно. 

Ополномоштеникот на германската влада за антисемитизам, Феликс Клајн
Ополномоштеникот на германската влада за антисемитизам, Феликс КлајнФотографија: Wolfgang Kumm/dpa/picture alliance

Ополномоштеникот на германската влада за антисемитизам, Феликс Клајн, предложи да се заостри кривичното дело поттикнување омраза. Клајн за весниците на медиумската групација „Функе“ изјави дека во иднина треба да се применува ставот за поттикнување и ширење омраза без да мора да се утврди дека дошло до нарушување на јавниот ред и мир, како што беше случај до сега. Во праксата, често се јавуваат потешкотии во примената на постоечките прописи. „Во изминатиот период имаше низа прекинати истраги, што наидува на неразбирање и кај засегнатите лица, и кај јавноста“, посочи Клајн.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи