1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиБлиски Исток

Војна во Газа: Што сега треба да се знае за Рафах

Андреас Нол
29 април 2024

Израел се подготвува за напад врз Рафах на југот на Појасот Газа. За цивилите се поставени првите итни прифатилишта. За офанзивата уште се чека на согласност од премиерот Нетанјаху.

https://p.dw.com/p/4fIAA
Израелската армија ги заврши подготовките за офанзива - сега ќе одлучува воениот кабинет
Израелската армија ги заврши подготовките за офанзива - сега ќе одлучува воениот кабинетФотографија: Jack Guez/AFP

Кога ќе започне офанзивата во Рафах?

Од почетокот на февруари во Израел се разговара за можна воена офанзива во Рафах на југот на Појасот Газа. Според извештаи во израелските медиуми од минатиот четврток (25.04.) војската веќе завршила со подготовките. Според тоа, се чека само уште на согласноста од израелската влада. Премиерот Нетанјаху неодамна изјави дека офанзивата би можела да започне „во наредните денови". Војската јавно излезе со калкулацијата дека операцијата би можела да биде шест недели „непрекината борба". Безбедносните експерти сепак не мислат дека офанзивата непосредно претстои. Соседен Египет се обидува да посредува за нов договор за размена на заробеници меѓу израел и Хамас во надеж дека така и офанзивата врз Рафах ќе се спречи, или барем одолговлечи почетокот.

Каква е ситуацијата за луѓето во Рафах?

Повеќе од 80 проценти од населението во Газа се во бегство. Ог околу 2,3 милиони жители, до 1,4 милиони најдоа засолниште во Рафах, откако израелските сили го окупираа северот на Појасот. Рафах е актуелно најнаселен град во Појасот Газа.

Град полн со бегалци: Камп во пограничниот град Рафах
Град полн со бегалци: Камп во пограничниот град РафахФотографија: Bassam Masoud/REUTERS

 

Бегалските кампови во регионот околу Газа се преполнети и има недостиг од храна, лекови и вода за пиење. „Хуманитарната состојба во Газа е неверојатно лоша", вели претставник на американската развојна помош УСАИД. На југот на Газа речиси една четвртина од населението страда од катастрофален недостиг на храна. Особено погодени се децата.

Зошто градот Рафах е толку важен за Израел?

Рафах важи за последно големо упориште на исламистичката терористичка група Хамас, која на 7 октомври минатата година изврши масакр во Израел, во кој беа и киднапирани 240 лица. Израелските власти сметаат дека до четири од некогашните 24 бригади на Хамас се кријат во Рафах. Да се сузбијат е од таа гледна точка клучен чекор за разбивање на организацијата. Борбената моќ на Хамас е по седум месеци борби со Израел заслабната, но терористичката група уште не е воено поразена. Бројот на ракетни напади врз Израел е значително намален, но организацијата и натаму располага со многу ракети и дронови. Аналитичари сметаат дека Израел до сега има уништено 70 до 80 проценти од воениот арсенал на Хамас.

Уништени се големи делови од северниот дел на Појасот Газа
Уништени се големи делови од северниот дел на Појасот ГазаФотографија: Mahmoud Issa/REUTERS

Како планира Израел да го заштити цивилното население во Рафах?

Израелската армија изминатата недела соопшти дека подготовките за евакуацијата на цивилите од Рафах се завршени. Израелското министерство за одбрана набавило околу 40 илјади шатори за цивили од Рафах, за да ги смести луѓето во и околу градот. Новинската агенција АП објави фотографии од една прва поголема населба со шатори западно од Кан Јунис. Нејасно е каде треба да бидат поставени други пунктови за згрижување на цивилното население.

САД пак започнаа со изградба на провизорно пристаниште на брегот на северот на Газа, кое според податоци од американските власти треба да биде функционално на почетокот на следниот месец и да олесни за снабдувањето на цивилите со хуманитарна помош. Но, изградбата на инфраструктура за стотици илјади внатрешно расселени лица бара многу партнери. Таков процес со учество на хуманитарни организации, агенциите на ООН и држави донатори може да трае уште многу недели. Најголемиот дел од помошта актуелно доаѓа преку граничниот премин Рафах на југот до бегалските кампови.

Голем дел од меѓународната помош стигнува до Појасот Газа преку граничниот премин Рафах
Голем дел од меѓународната помош стигнува до Појасот Газа преку граничниот премин РафахФотографија: Mohammed Salem/REUTERS

Што велат другите?

Во случај на израелска воена офанзива соседен Египет стравува дека многу луѓе од граничниот град Рафах ќе се префрлат на Синајскиот полуостров. Раководството во Каиро му се закани на Израел дека во таков случај ќе го раскине мировниот договор. Остра критика за плановите за офанзива има и од најважниот сојузник на Израел, САД. Американскиот претседател Џо Бајден уште во февруари го повика премиерот Бенјамин Нетанјаху да не ја започнува офанзивата без веродостоен план за заштита на цивилното население. Министерот за надворешни работи Антони Блинкен пред една недела рече дека "не можеме да поддржиме поголема воена операција во Рафах.“

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема