1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСоединети Американски Држави

Бајден со остра критика за воениот одговор на Израел во Газа

СН/агенции
9 февруари 2024

Војната во Газа однесе многу цивилни жртви. Палестинското население се соочува со хуманитарна катастрофа. Меѓународните критики за воените дејствија на Израел стануваат сè поостри.

https://p.dw.com/p/4cDAj
Американскиот претседател Џо Бајден со недвосмислена критика за израелската влада
Американскиот претседател Џо Бајден со недвосмислена критика за израелската владаФотографија: picture alliance / CNP/AdMedia

Со оглед на катастрофалната хуманитарна ситуација во Појасот Газа, американскиот претседател Џо Бајден го заостри својот тон кон израелската влада. Воениот одговор на Израел во Појасот Газа беше прекумерен, изјави синоќа (9 февруари, 2024) американскиот претседател Џо Бајден на пресконференција во Белата куќа.

„И јас сум навистина за хуманитарната помош да стигне во Газа. Јас сум и за прекин на огнот за да се овозможи ослободување на заложниците. Сето тоа мора да престане што поскоро, има многу невини луѓе, многу кои гладуваат, кои се во неволја и кои умираат.“, нагласи американскиот претседател.

Белата куќа нема да поддржи нови напади врз Газа

Белата куќа подоцна соопшти дека нема да поддржи какви било плановина Израел за големи воени операции во Рафах, во јужниот дел на Појасот Газа, и истакна дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен јасно ја изразил загриженоста на САД за таквите операции. Израел деновиве силно го бомбардираше Рафах.

Разурнувањата во Рафах по израелското бомбардирање на 8 февруари, 2024 година
Разурнувањата во Рафах по израелското бомбардирање на 8 февруари, 2024 годинаФотографија: Abed Rahim Khatib/Anadolu/picture alliance

„Секоја голема воена операција во Рафах во овој момент, под овие околности, со повеќе од милион или милион и пол Палестинци кои побарале засолниште во Рафах, без да се грижат за сопствената безбедност, би била катастрофа. Ние тоа не го поддржуваме“, изјави портпаролот на Белата куќа Џон Кирби.

Гутереш предупредува од катастрофа

Половина од населението на Газа сега е во Рафах и нема каде да оди, предупреди, пак, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Извештаите дека израелската армија има намера да се фокусира на Рафах во наредниот период се алармантни, напиша тој на платформата X.

„Таквата акција експоненцијално би го зголемила она што веќе е хуманитарен кошмар со неописливи регионални последици“, напиша Гутереш.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема