Најкрвав ден за израелската армија од стартот на офанзивата
23 јануари 2024Во текот на вчерашниот ден (22.01) во Појасот Газа загинале 24 израелски војници, соопшти портпаролот на израелската армија Даниел Хагари. Најголемиот дел од загинатите војници биле убиени во акција против милитантно исламистичкиот Хамас на југот на Појасот Газа. Во акцијата, меѓу другото, со гранати РПГ бил нападнат израелски тенк, при што биле убиени 21 војник. Меѓу убиените има многу резервисти, соопшти Хагари.
По веста за смртта на војниците, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека тоа е „катастрофа“ и дека вчерашниот ден бил „еден од најтешките денови од избивањето на војната“. Тој најави продолжение на борбите сѐ до „апсолутна победа“ над Хамас.
Израел ја започна копнената офанзива на крајот на октомври како одговор на бруталниот напад на Хамас.Терористите на Хамас во напад врз Израелна 7 октомври минатата година убија околу 1.140 луѓе и зедоа околу 250 луѓе како заложници во Појасот Газа. Како одговор на нападот, Израел му објави војна на Хамас. Според информациите на Хамас, кои не можат да се проверат од независни извори, во израелската воена операција досега се убиени повеќе од 25.200 луѓе.