1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаФранција

Милион евра донации за полицаецот кој застрела тинејџер

БГ /АФП
3 јули 2023

За францускиот полицаец кој предизвика немири низ цела Франција откако го застрела 17-годишниот тинејџер Нахел во вторникот, досега се собрани речиси еден милион евра донации од граѓани.

https://p.dw.com/p/4TM2h
Frankreich | Protest für getöteten 17-Jährigen
Фотографија: Eliot Blondet/picture alliance/abaca

Повеќе од 40.000 луѓе донирале пари во фондот за полицаецот кој беше отворен на интернет од страна на радикално-десничарски коментатор. Донациите од 986.000 евра далеку ги надминуваат средствата во износ од 189.000 евра кои се собрани за семејството на 17-годишното момче, Нахел, кој е со северно-африканско потекло и кој живеел со својата мајка во едно западно париско предградие. Бабата на Нахел изјави дека и е „скршено срцето“ поради поддршката за полицаецот.
„Тој му го зеде животот на мојот внук. Овој човек мора да плати, исто како и секој друг“, изјави таа за локалните медиуми.
„Имам доверба во правосудниот систем. Верувам во правдата“. 

Убиството, за време на сообраќајна контрола, ги покажа длабоките политички поделби во Франција. Многу десничарски активисти се обидуваат да ги бранат безбедносните сили, додека левичарите сметаат дека убиството е последица на системскиот расизам во полицијата. 

Франција Убиство Тинејџер Протести
Мајката на убиеното момче ги предводи протестите во ПаризФотографија: picture alliance/dpa/AP

Масовните нереди и немири кои започнаа во вторникот ја продлабочија поделеноста. 

Политичарите од центристичката владејачка партија и од левицата ги осудија донациите за полицаецот кои ги организираше радикално-десничарскиот коментатор Жан Месиха, кој и самиот е близок до анти-исламскиот политичар Ерик Земур.

„Жан Месиха си игра со оган“, напиша на Твитер, пратеникот на владејачката партија Ерик Боторел, нарекувајќи ја акцијата „непристојна и скандалозна“. Првиот човек на Социјалистичката партија, Оливие Форе ја критикуваше онлајн платформата за донации Gofundme, оценувајќи дека спроведуваат „срамна“ донација. 

„Ќе добиеш куршум во главата!“  

Месиха,кој е поранешен советник на популистичката политичарка Марин Ле Пен, славеше на Твитер откако неговата кампања ја надмина сумата која е собрана за семејството на убиениот тинејџер. Кога ја започна кампањата, тој објасни дека се работи за полицаец кој „си ја работел работата и плаќа висока цена“ за тоа. 

Нантер Франција
Судири меѓу полицијата и демонстранти во париското предградие НантерФотографија: Florian Poitout/ABACAPRESS/IMAGO

38-годишниот полицаец Флоријан М, е приведен и обвинет за убиство. На видеото од убиството, се гледа како тој и неговиот колега запираат жолт автомобил Мерцедес кој Нахел го управувал без возачка дозвола во париското предградие Нантер. Полицаецот е со пиштол во рацете и пука во Нахел од непосредна близина додека возилото заминува. Премиерката Елизабет Борн рече дека операцијата „очигледно не е во рамките на полициските правила“. Флоријан М. се соочува и со обвинение за лажно сведочење, откако првично тврдел дека отворил оган затоа што Нахел возел кон него. Друг тинејџер кој бил во возилото за медиумите изјавил дека полицајците го удирале Нахел во главата со дршките од пиштолите, пред да почнат да пукаат.

На видеото се слуша глас кој вели: „Ќе добиеш куршум во главата“. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема