1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиФранција

Трета ноќ нереди во Франција – над 600 уапсени

ЖА / агенции
30 јуни 2023

Франција трета ноќ по ред доживеа насилни протести по смртта на еден тинејџер - палени се автомобили, уништувани згради и ограбувани продавници. Претседателот Макрон закажа нова кризна седница на владата.

https://p.dw.com/p/4TFw5
Франција насилни протести полициско убиство
Трета ноќ насилни протести во Франција откако полицаец уби тинејџер при сообраќајна контрола Фотографија: Grégory Yetchmeniza/MAXPPP/dpa/picture alliance

По третата ноќ со насилни нереди во кои се претвори револтот по смртоносниот истрел на еден полицаец во еден тинејџер, францускиот претседател Емануел Макрон за денеска повторно свика кризна седница на владата.

Низ целата земја ноќеска и во раните утрински часови се уапсени 667 лица, соопшти францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин. Ангажирани биле над 40.000 полицајци забезредијата да бидат ставени под контрола.

 

Насилните протести беа испровоцирани од смртта на 17-годишниот Нахал М., кој беше застрелан од страна на еден полицаец при сообраќајна контрола.

Франција насилни протести полциско убиство
Палени автомобили, подигани барикади - насилни протести во Франција откако полицаец уби тинејџер при сообраќајна контрола Фотографија: Gonzalo Fuentes/REUTERS

Во париското предградие Нантер, каде живеело момчето со северноафриканско потекло, мирниот протест, најавен како комеморативен марш, прерасна во насилство и судири со полицијата.

Франција насилни протести полициско убиство
Маршот „Правда за Нахел“ подоцна прерасна во насилни безредија во ПаризФотографија: Michel Euler/AP Photo/picture alliance

Толпа луѓе палела автомобили, низ улиците се подигани барикади, а врз полицијата се фрлани тврди предмети. Во центарот на главниот град, како што соопшти полицијата, во една од трговските улици биле искршени излози на продавниците и дел од нив ограбени. До безредија дошло и во Марсеј, Лион, Тулуз и Лил.