1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Приватните превозници во нова блокада на Скопје

ДТЗ
2 декември 2022

Причина за блокадата е незадоволство од неисплатениот долг од 1,3 милиони евра од страна на Јавното претпријатие. Се најавува и адикализирање на блокадите

https://p.dw.com/p/4KL7m
протести превозници Скопје
Приватните превозници со 200 автобуси во нова блокада на Скопје Фотографија: Petr Stojanovski

Приватните превозници со 200 автобуси го блокираат булеварот Илинден од пред Владата до крстосницата кај МИ-ДА, каде што се наоѓа Градското собрание. Според најавата на Ленин Јовановски од „Слобода превоз“, приватните автобуси на овој превозник, како и на „Макекспрес“ ќе го блокираат сообраќајот на десната лента од булеварот, поради незадоволство од неисплатениот долг од 1,3 милиони евра од страна на Јавното претпријатие. 

Министерството за внатрешни работи информираше дека СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булеварот „Илинден“ поради протестот од приватните превозници во раните утрински часови. Посебен сообраќаен режим ќе има од крстосницата на бул „Илинден“ со бул. „Св. Климент Охридски“ до крстосниците со бул. „8 Септември“ и околните улици.

Од Град Скопје ги повикаа „Слобода Превоз“ да ја ревидираат одлуката за блокирање на главниот град, бидејќи на тој начин нема да постигнат разрешување на проблемот, напротив, на овој начин проблемот се продлабочува. „Скопјани не се должни да бидат колатерална штета, поради нерационалните барања на „Слобода Превоз“. Со уцени, нема договор“, порачаа од Град Скопје. 

Радикализирање на протестите 

Доколку не им се излезе во пресрет на нивните барања, приватните превозници за в понеделник најавуваат дека ќе ги блокираат и раскрсниците кај Мавровка, Црвен Крст и ул. „Илинденска“. 

„Градоначалничката Данела Арсовска и понатаму повторува дека ѝ е важен јавниот интерес, а не приватните џебови, тогаш треба да седне и да изнајдеме соодветно решение, да излеземе од оваа криза во јавниот превоз. Дали ќе објавува нови огласи, тоа е нејзино право, прво да го решиме овој проблем. Дури и да сме биле криминалци, прво нека обезбеди резервна варијанта, па потоа нека го раскине договорот со нас“, рече Јовановски. 

протести превозници Скопје
Хаосот во сообраќајот во Скопје колуминираше со протести на приватните превознициФотографија: Petr Stojanovski

Според него, растат нервозата и загриженоста кај приватните превозници и состојбата е многу напната, поради што не се исклучува можност за радикализирање на протестите. „Замолувам до сите институции и државните, да се вклучат како медијатори за да видат и да дознаат дека ситуацијата може да ескалира и нервозата да отиде дотаму да жалиме. Ќе се обидеме уште еднаш некој во Градското собрание да нè викне да разговараме“, порача Јовановски.

Раскинати договори 

Но, во меѓувреме Градот Скопје информираше дека е раскинат договорот со здружението на приватни превозници „Слобода превоз“ поради неисполнување на обврските. „Во случајов, се работи за обврската за континуирано и непрекинато давање на јавната услуга за превоз на патници. За жал, „Слобода Превоз“ повеќе од два дена во континуитет не ја извршуваше оваа договорна обврска со што поради непочитување на договорот истиот е раскинат“, информираа од Град Скопје. 

Тие ги повикаа сите приватни превозници да се пријават за склучување на директни договори за јавен градски. Во исто време тврдат дека градскиот јавен превоз функционира непрекинато, а ЈСП Скопје во моментов има доволно капацитети да ги задоволи потребите на скопјани. Од „Слобода Превоз“ реагираа дека ќе ја оспорат одлуката и ќе поведат спор пред надлежниот суд.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска неодамна ги обвини јавните превозници од „Слобода превоз“ дека во изминатите пет години немаат пријавено ниту еден продаден билет во автобусите кои возат за двете здруженија, а истовремено од Јавното сообраќајно претпријатие ги наплаќале фактурите за извозените километри за сума од едно евро по километар. Тие ги отфрлија ваквите обвинувања како неточни. 

Ваквото незадоволство следи по протестите на возачите во ЈСП, кои еден ден го оставија градот без јавен превоз. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема