1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиГерманија

Германска фабрика за тенкови во Украина?

СН/агенции
4 март 2023

„Пантер“ се смета за еден од најмодерните тенкови во светот. Го произведува германскиот производител Рајнметал, кој сега сака да отвори фабрика за тенкови и во Украина со можен капацитет од 400 „Пантери“ годишно.

https://p.dw.com/p/4OFnZ
Генералниот директор на германскиот концерн за оружје Рајнметал, Армин Папергер (десно) со војник да Бундесверот и тенк од типот „Пантер“ зад нив
Генералниот директор на германскиот концерн за оружје Рајнметал, Армин Папергер (десно) со војник да Бундесверот и тенк од типот „Пантер“ зад нивФотографија: Julian Stratenschulte/dpa/picture alliance

Германскиот производител на оружје Рајнметал преговара со властите во Киев за отворање фабрика за тенкови во Украина, а генералниот директор на оваа компанија, Армин Папергер, изјави дека разговорите со Украина „ветуваат“ и оти се надева дека одлуката ќе биде донесена „во наредните два месеца“.

„Фабрика на Рајнметал може да се изгради во Украина за околу 200 милиони евра“, рече Папергер, додавајќи дека таквата фабрика „ќе може да произведе годишно до 400 борбени текови од типот Пантер“.

Германскиот тенк од типот „Пантер“ се смета за еден од најмодерните тенкови во светот
Германскиот тенк од типот „Пантер“ се смета за еден од најмодерните тенкови во светотФотографија: Julian Stratenschulte/dpa

Шефот на Рајнметал е уверен оти фабриката во Украина, може да се заштити од руски воздушни напади.

Папергер тврди дека сојузниците на Киев во овој момент испраќаат доволно оружје за одбрана на Украина, но таа количина оружје не е доволна Украина повторно да ги заземе своите територии. Според него, на Украина за победа во војната ѝ се потребни меѓу 600 и 800 тенкови. Дури и ако Бундесверот би му ги дал на Киев сите 300 тенка кои ги има тоа не би било доволно, оцени Папергер и додаде дека во концернот се работи со полна пареа. 

Централата на Рајнметал во Дизелдорф
Централата на Рајнметал во ДизелдорфФотографија: Federico Gambarini/dpa

Војната веројатно ќе трае со години, заклучува Папергер. 

Германскиот канцелар, Олаф Шолц, неодамне рече дека Берлин продолжува да ја шири својата воена помош за Киев. Како пример, ја наведе одлуката, на Украина да ѝ се испорачаат борбени пешадиски возила „Мардер“, главните борбени тенкови „Леопард 1“ и „Леопард 2“, како и друга техника.

Германскиот канцелар Олаф Шолц и тенк од типот „Леопард 2“
Германскиот канцелар Олаф Шолц и тенк од типот „Леопард 2“Фотографија: Björn Trotzki/IMAGO

Во моментов украинските војници ја продолжуваат обуката за работата на „Леопард 2“. Берлин ќе испрати вкупно 18 вакви тенкови за Киев. Како што е порано соопштено, износот за помош која Германија ја пружи или ја гарантирала на Украина од февруари 2022 година, изнесува над 14 милијарди евра. Притоа не се мисли само на воена помош, туку и на хуманитарна и на финансиска.

 

 

 

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи