Славјето на европските фудбалски кралеви со шпанскиот крал
15 јули 2024Европските фудбалски кралеви со кралот на Шпанија во екстаза по освојувањето на пехарот на ЕУРО 2024! Шпанската фудбалска репрезентација е шампион рекордер - на европскиот трон седнува по четврти пат - по 1964, 2008 И 2012 година.
Победата над Англија од 2:1 во финалето на европското првенство беше заслужена, оценуваат експертите за најдобриот тим на турнирот. Непоразени, неприкосновени, неспоредливи! Со 15 гола, Шпанците го надминаа претходниот француски рекорд на европското првенство од 1984 година. „Направивме сѐ како што треба. Никој не ни подари ништо. Се боревме тешко“, оцени селекторот Луис де ла Фуенте, кој го обнови шпанскиот национален тим и создаде екипа од млади и постари играчи, играчи со различна животна позадина и искуство.
„Сонот е остварен“, изјави Ламин Јамал, кој беше прогласен за најдобар млад играч на првенството, а шпанскиот спортски весник АС чувството на Шпанците по победата го опиша со зборовите: „Колку е слатко повторно да се биде крал на Европа“.