1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ФудбалШпанија

Ламин Јамал - најмлад стрелец во историјата на ЕП

10 јули 2024

Радоста на Ламин Јамал по постигнувањето на првиот гол за Шпанија во полуфиналето на ЕУРО 2024, со што стана најмлад стрелец во историјата на ЕП.

https://p.dw.com/p/4i5Gs
ЕУРО 2024 | Ламин Јамал
Ламин ЈамалФотографија: Bradley Collyer/empics/picture alliance

Голот на Ламин Јамал на полуфиналниот натпревар од европското фудбалско првенство помеѓу Шпанија и Франција (2:1) е гол за историја на ЕП. Шеснаесетгодишниот Јамал стана најмлад стрелец во историјата на европските првенства. Својот 17-ти роденден ќе го прослави еден ден пред финалето во Берлин в недела. Вели дека има само една желба: „Ништо, само победа, победа, победа!“. Талентираниот шпански фудбалер по победата над Франција во Минхен изјави дека целта му била да го прослави роденденот во Германија и таа желба ќе му се оствари - шпанската репрезентација ја совлада Франција и влезе во финалето на ЕУРО 2024!

Јамал дебитираше за Барселона на 15-годишна возраст, а минатата година, на возраст од 16 години и 57 дена, заигра за шпанската репезентација. Неговиот договор во Барселона истекува во 2026 година, а „клаузулата за излез“ е поврзана со сума од една милијарда евра.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи