Крикот на Саутгејт
11 јули 2024Герет Саутгејт прво најгласно што може ја покажа своја радост и олеснување по полуфиналниот натпревар против Холандија на ЕУРО 2024, а потоа пред новинарите се презентираше сосема опуштено. По неколкунеделни критики, па дури и фрлање чаши од своите навивачи, селекторот на Англија почувствува малку задоволство во Дортмунд. Англија е повторно во финалето на едно европско фудбалско превнство, повторно има шанса за прв триумф по 1966 година.
„По втор пат сме во финалето. Ова сè уште не е крајот. На навивачите им приредуваме вечери кои го одземаат здивот. Им ги даваме најдобрите вечери во последните 50 години“, рече Саутгејт со доза на пркос по победата на Англија против Холандија со 2:1. Претходно тој го смени капитенот Кејн и во игра го стави Оли Воткинс, кој го постигна решавачкиот гол за победа. По многуте критики на сметка на репрезентацијата и селекторот од различни страни, англиските експерти одеднаш зборуваат за „перфектни замени“ и нагласуваат дека тренерот заслучува „целосна почит“.