1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ФудбалГерманија

ЕУРО 2024: германската ефикасност е само мит

Том Геној
25 јуни 2024

Домаќините на големи спортски настани се трудат на посетителите да им остават впечаток на одлична организација. И на ЕУРО 2024 многумина дојдоа убедени во ефикасноста на Германците и беа шокирани од реалната состојба.

https://p.dw.com/p/4hQoj
Дури по натпреварот почнуваат маките: мора некако да се напушти стадионот
Дури по натпреварот почнуваат маките: мора некако да се напушти стадионотФотографија: Thomas Gennoy/DW

Врвот на маките секако се случувањата во Гелзенкирхен. Четврток е, се ближи полноќ, а десет илјади шпански и италијански навивачи мирно си поминуваат преку мостот за пешаци кон железничката станица во близина на стадионот Арена ауф Шалке. Италијанците се во депресија како што може и да се очекува после играта во која тимот покажа хронична слабост и неспособност да се справи со Шпанците, но расположението е тмурно и меѓу шпанските фанови. Под нив, на секои пет минути, влегува воз, се полни и полека се движи кон центарот на градот. Понекогаш, од дел на станицата кој е толку лошо означен што ниту еден навивач не го перцепира како опција, ќе се појави автобус, ќе се наполни со навивачи и продолжува понатаму во сообраќајниот метеж.

Во овие неправилни и ретки интервали, толпата се поместува само неколку метри пред да продолжи тоа што изгледа како бескрајно чекање. Зошто има толку малку возила? Зошто се чека толку долго? Зошто повторно се случува истото?

„Стиснати како сардини“ во мрак на пешачкиот мост што води до градската железничка станица
„Стиснати како сардини“ во мрак на пешачкиот мост што води до градската железничка станицаФотографија: Thomas Gennoy/DW

„Се подобривме!"

Првите навивачи кои беа изложени на вакво мачење се посетителите на мечот Англија - Србија минатата недела, првиот од четири натпревари од ЕУРО 2024 што се одржуваат на овој стадион. Многумина повеќе од еден час чекаа во толпата на пешачкиот мост, а некои од нив се одлучија пеш да поминат неколку километри до градот наместо да се туркаат во гужвата. Но, слична беше ситуацијата и на железничката станица во Гелзенкирхен, со преполни платформи и лоши информации од разгчасот кои дополнително придонесоа за чувството на хаос и неред. За ДВ службениците на локалните служби за јавен превоз Богестра дури и се пофалија со напредок и подобрување од неделата до четвртокот , но навивачите со кои разговаравме и на кои им ја пренесовме пофалбата од превозникот, останаа ужаснати. „Подобро во однос на што?" прашува Фин, млад шкотски навивач кој штотуку се вратил на главната железничка во Гелзенкирхен во еден часот наутро, два часа по завршувањето на натпреварот.

Денски сосема е јасно дека овој пешачки мост е тесно грло. Но, зошто тогаш Гелзенкирхен беше избран како место за натпревари на ЕП?
Денски сосема е јасно дека овој пешачки мост е тесно грло. Но, зошто тогаш Гелзенкирхен беше избран како место за натпревари на ЕП?Фотографија: Anke Waelischmiller/Sven Simon/IMAGO

Празен паркинг

„Горе на пешачкиот мост е толку тесно што сите бевме натискани како сардини“, се жали навивачот. Два часа порано, збир од навивачи можеа да се видат како се спуштаат од стрмниот, каллив насип во правец на пешачкиот мост бидејќи се изгубиле по излегувањето од стадионотНеколку други мораа да преминат преку оградата за да стасаат до пешачката патека. Покрај неа има голема, повеќекатна зграда од јавниот паркинг која во неделата и четвртокот беше речиси целосно празна. „Кога игра Шалке многумина доаѓаат со автомобили“, ни објаснува полицаецот. Тоа може да е опција за навивачите на Шалке кои се од околните места, но не им е од помош на навивачите кои доаѓаат од Милано или Мадрид.

Претставник од градските власти вели дека за натпреварот Србија против Англија имало „двојно повеќе“ вагони од градската железница отколку за натпревар на Шалке. Но навивачите не најдоа многу утеха во тој факт. 

Со оглед на ограничениот капацитет на градската железница и тоа што навивачите од странство зависат од јавниот превоз, 21 часот се покажа како проблематично време за почеток на натпреварот на стадионот. Два пати 50 илјади навивачи кои се обидоа истовремено да го напуштат стадионот беа соочени со целосно недоволна инфраструктура што предизвика многу мака и нелагодност кај навивачите.

Илјадници навивачи чекаа со часови за некаков превоз по завршувањето на натпреварот.
Илјадници навивачи чекаа со часови за некаков превоз по завршувањето на натпреварот.Фотографија: Hirnschal/osnapix/picture alliance

„Зошто мора баш секој да доцни?"

Може да се постави прашањето зошто Гелзенкирхен воопшто е меѓу градовите во кои се игра – освен што е седиште на Шалке? Градови како Нирнберг, Бремен или Хановер имаат големи, модерни стадиони, но не беа одбрани. Но, и во другите градови каде што се играше, навивачите се соочија со маката на денешната германска инфраструктура, па и шкотските навивачи кои го преживеаја хаосот во јавниот превоз во Минхен, Келн и на други места се прашуваа зошто баш секое возило мора да доцни.

„Атмосферата беше фантастична, но јавниот превоз е кошмар", вели Дејви кој редовно посетува натпревари на Шкотска во странство.

Ниту јавниот превоз до стадионот на Келн не ги задоволи посетителите на ЕП, дури и во Минхен се зборува за хаос. А домаќините на ваквите спорстки настани обично се трудат да импресионираат со организацијата.
Ниту јавниот превоз до стадионот на Келн не ги задоволи посетителите на ЕП, дури и во Минхен се зборува за хаос. А домаќините на ваквите спорстки настани обично се трудат да импресионираат со организацијата.Фотографија: Thomas Robbin/imageBROKER/picture alliance

А, потем и возот...

Не е катастрофа само градскиот превоз, па така прво австриските, а потоа и германските медиуми јавија за австриски навивачи кои понеделнички тргнале за меќот против Франција. Од Виена тргнале со воз во седум и половина часот наутро уверени дека ќе стасаат до Дизелдорф, на помалку од илјада километри од Виена, за натпреварот во 21 часот. Секако дека не излезе така, односно стигнаа на едвај 20 минути пред крајот на натпреварот. За истиот натпревар со воз тргна и директорот на Европското првенство, германската фудбалска легенда Филип Лам. И секако дека задоцни, но барем Германската железница - Дојче бан му се извини за доцнењето. Угледот на Германија како земја во која „се одлично функционира“ дефинитивно е сериозно загрозен по почетокот на првенството. Често разочарани посетители, а дури и „Њујорк тајмс" јавува за сериозни недостатоци и рушење на застарените стереотипи за земјата. Да немаше возбудливи натпревари и одлична атмосфера на првенството, се друго во земјата домаќин уште повеќе би влијаело на впечатокот за турнирот. И за љубителите на фудбалот и за Гелзенкирхен е вистинска среќа што после Португалија и Грузија има само уште еден меч во градот пред осминафиналето. Проблем имаше и во други градови, но епицентар на хаосот е Гелзенкирхен. Митот за германската ефикасност е закопан, а во Гелзенкирхен се гробиштата.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема