1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСирија

Американска воена база во Сирија нападната со ракети од Ирак

ЖА
22 април 2024

Од северен Ирак во неделата вечерта биле испалени повеќе ракети кон американска воена база во Сирија, соопштија ирачките безбедносни сили.

https://p.dw.com/p/4f2Cx
Американски војници во Сирија, архивска фотографија
Американски војници во Сирија, архивска фотографијаФотографија: picture alliance/AP/Z. Garbarino

По нападот врз американска база во Сирија, каде се стационирани војници на од САД предводената меѓународна антиџихадистичка коалиција, била спроведена голема потрага во северната ирачка провинција Нинивех за да биде откриена локацијата од каде што се истрелани ракетите, соопшти ирачката армија. Подоцна, САД потврдија дека  борбен авион на коалицијата  уништил ракетен фрлач во Ирак во рамките на самоодбрана. Ирачките претставници првично соопштија дека ракетниот фрлач експлодирал на возилото кое служело како платформа од неиспалените ракети.

Возилото од кое биле истрелани најмалку пет ракети било паркирано во пограничниот ирачки град Зумар. 

Станува збор за прв поголем напад по повеќе недели пауза. Во зимата  про-ирански вооружени групи,  по избувнувањето на војната меѓу Израел и радикално исламистичкиот Хамас, извршија  серија воздушни напади  со дронови и ракети против американските војници стационирани во Блискиот Исток. 

Во Ирак се стационирани околу 2500 војници на САД,  а во Сирија околу 900. Тие се дел од напорите за спречување на повторен подем на т.н. Исламска држава, која во двете земји порано контролираше големи области, но во повеќегодишниот крвав конфликт беше потисната од локалните копнени трупи, поддржани од меѓународни воздушни напади.