1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИрак

САД стравуваат од ескалација на Блискиот Исток

СН/агенции
23 октомври 2023

Стејт департментот му нареди на дипломатскиот персонал да го напушти Ирак и издаде предупредување до американските граѓани да не патуваат во земјата бидејќи тензиите во регионот растат по нападот на Хамас врз Израел.

https://p.dw.com/p/4Xt5L
Протести во Ирак во знак на поддршка на Палестинците и на Иран и против САД и Израел
Протести во Ирак во знак на поддршка на Палестинците и на Иран и против САД и ИзраелФотографија: Ameer Al-Mohammedawi/dpa/picture alliance

Американскиот Стејт департмент ги предупреди граѓаните на САД да не патуваат во Ирак по неодамнешните напади врз американските војници и персонал во регионот.

„Не патувајте во Ирак поради закани од тероризам, киднапирања, вооружени конфликти, граѓански немири и ограничена способност на Мисијата во Ирак да обезбеди поддршка на американските граѓани“, се предупредува во новите насоки на американското министерство за надворешни работи.

Нападите врз американските сили во Ирак и во Сирија зачестија откако започна вооружениот конфликт меѓу Израел и милитантите на Хамас. Минатата недела американски воен брод собори повеќе од десет дронови и четири крстаречки ракети кои ги истрелаа Хутите од Јемен.

Упатствата следеа по наредбата за напуштање на земјата на вработените, во американската амбасада во Багдад и во американскиот конзулат во Ербил, кои не се дел од тимовите заитна реакција, и членовите на нивните семејствата  „поради зголемени безбедносни закани против американскиот персонал и интереси“, соопшти Стејт департментот.

Борба за леб и вода во Појасот Газа

Стравувања од ескалација 

Дополнително, беше соопштено дека „антиамериканските милиции им се закануваат на американските граѓани и на меѓународните компании во Ирак“. Претходно во неделата американскиот државен секретар Ентони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин предупредија на значителна ескалација на нападите врз американската војска на Блискиот исток и дека Иран сака да ја прошири војната меѓу Израел и Хамас.

Вашингтон ги засили предупредувањата за активностите на групите поддржани од Иран додека се разгоруваат регионалните тензии за време на војната меѓу Израел и Хамас, која започна откако палестинската исламистичка група Хамас го нападна Израел на 7 октомври, при што загинаа 1.400 луѓе.

„На персоналот на американската влада во Багдад му е наредено да не го користат меѓународниот аеродром во градот.“

Израел оттогаш возврати со смртоносни напади врз Појасот Газа, појасот долг 45 километри во кој живеат 2,3 милиони луѓе и е под контрола на Хамас од 2007 година. Во израелските воздушни напади загинаа 4.700 луѓе, соопштија палестинските власти.

„Поради безбедносни причини, на персоналот на американската влада во Багдад му беше наредено да не го користи меѓународниот аеродром во Багдад“, соопшти во неделата Стејт департментот.

САД испратија значителен број поморски сили на Блискиот Исток во последните недели, вклучувајќи и два носачи на авиони, нивни бродови за поддршка и околу 2.000 маринци.

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема