1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Џо Бајден планира комеморација за починатите од Ковид-19

ЖА / дпа
1 јануари 2021

Идниот американски претседател Џо Бајден планира кратко пред својата инаугурација одржување комеморација во спомен на стотиците илјади луѓе кои во САД починаа од последици на инфекција со коронавирус.

https://p.dw.com/p/3nPzp
USA Wilmington Rede Joe Biden
Фотографија: Mark Makela/Getty Images

Комитетот кој е задолжен за церемонијата на полагање заклетва на претседателот, синоќа соопшти дека вечерта пред инаугурацијата на 20 јануари во Меморијалниот центар Линколн во Вашингтон ќе биде одржана манифестација со која ќе се потсети на бројните починати од Ковид-19 во САД.

Другите градови во земјата се повикани во исто време да земат учество со слични манифестации во комеморацијата, на пример преку светлечки инсталации на зградите или ѕвонење на црковните ѕвона.

Комеморацијата во Вашингтон би требало да се одржи вечерта на 19 јануари. 

Пандемијата на коронавирус во САД се шири речиси без контрола. Во земјата со околу 330 милиони жители досега со коронаврус се инфицирани преку 19,7 милиони, досега починаа повеќе од 342.000 луѓе. Мерено во апсолутни бројки тоа е највисока смртност во светот.

Неколку дена со ред во САД се регистрираат нови рекорди во смртни случаи во текот на едно деноноќие. Во средата властите пријавија смрт на 3744 кај кои е докажана инфекција со Ковид-19, според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс од вчера утрото.