1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

САД: Вакцинирање на векот

Оливер Салет
15 декември 2020

Почна вакцинирањето на населението во земјата со најголем број случаи на Ковид-19 во светот. Но, крај на пандемијата се' уште не е на повидок.

https://p.dw.com/p/3mjJ6
USA New York | Krankenschwester Sandra Lindsay bekommt Covid-19 Impfung
Фотографија: Mark Lenninhan/AFP/Getty Images

Мал убод во раката на Сара Линдзи, голем чекор за Американците во борбата против Ковид-19. Медицинската сестра од Њујорк беше првата која ја доби вакцината, по што изјави дека се чувствувала „како и при секоја друга вакцина“.

Но, овојпат ни оддалеку не е како секогаш. Милиони гледачи следеа во живо на телевизија како Сара Линдзи ја дoбива првата од двете неооходни дози. Во текот на целиот вчерашен ден телевизиите испраќаа извештаи во живо за почетокот на вакцинирањето во различни американски сојузни држави. Пораката беше јасна: има светло на крајот од тунелот.

300.000 починати во САД

Зрак на надеж, ништо повеќе, зашто истиот ден Ковид-19 ја однесе 300.000-та жртва во САД, а ситуацијата и натаму се влошува. Додека вакцината да биде дадена на доволен број луѓе за да се постигне т.н. имунитет на стадо, ќе минат месеци.

USA New York | Krankenschwester Sandra Lindsay bekommt Covid-19 Impfung
Медицинската сестра од Њујорк, Сара Линдзи, прва ја доби вакцинатаФотографија: Mark Lenninhan/AFP/Getty Images

Сепак, врз производот на германската фирма Бионтек и американската компанија Фајзер, коипрви добија дозвола од агенцијата за лекови во САД, ФДА, за својата вакцина, се вложува надеж. Производството се одвива наголемо, до крајот на годината во САД би требало 20 милиони луѓе да ја имаат добиено првата од двете неопходни дози.

Болниците веќе со месеци го обучуваат персоналот, заштовакцината на Бионтек/Фајзер е чувствителнаи мора да се чува на минус 70 степени. „Затоплувањето е комликувана постапка“, вели Џефри Фејт од менаџментот на болницата Винчестер Медикал Центар, додавајќи дека вработените во болницата се подготвени за тоа. Првите две до три илјади дози Фејт во болницата ги очекува во текот на денешниот ден.

Вакцината е „благослов“

За шест болници кои се дел од „Валеј Хелт Систем“, вчерашниот 14 декември означува почеток на крајот на една тешка година, нагласува Фејт. „Направивме се' за да ги заштитиме нашите вработени, но тие секојдневно доаѓаат со страв на работа, секогаш постои ризик.“ Да се оди со чувство на сигурност на работа е благослов, вели тој.

Според препораките на Центарот за контрола на болести (ЦДЦ), прво би требало да се вакцинираат припадниците на групи со висок ризик, како медицински персонал, а потоа наставниците и згрижувачите на деца. Остатокот од населението ќе мора да чека на вакцина до пролет или лето, ако воопшто се сака примање на вакцината, зашто според анкетите во моментов само 60% од Американците сакаат да се вакцинираат.

USA | Der Pfizer BionTech Impfstoff verlässt in Kalamazoo das Lager
Вакцините треба да се чуваат соодветно (фото: кутии со вакцини на Бионтек/Фајзер се вадат од магацин во Портиџ, Мичиген)Фотографија: Morry Gash/AFP

Огорченост предизвикаа плановите на Доналд Трамп за вакцинирање на вработените во Белата куќа пред остатокот од граѓаните во земјата. Во неделата „Њујорк Тајмс“ напиша дека американската влада сака да им даде приоритет на тесниот круг соработници на претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс.

Ескалација во западниот дел од земјата

Неколку часови потоа Трамп на Твитер ретерираше и вети дека соработниците ќе бидат вакцинирани подоцна. И Трамп, кој прележа Ковид-19, сака да прими вакцина, но не наведува точен термин за вакцинирање.

И покрај почетокот на вакцинирањето, здравствените експерти апелираат до населението да носи и натаму заштитни маски, поради растечкиот број на новоинфицирани и починати.

Во многу сојузни држави, меѓутоа, не постои строга обврска за носење маски. Во средниот дел од западот на САД и во Јужна Дакота има најголем број хоспитализирани и починати од Ковид-19, но гувернерот Кристи Ноем од Републиканската партија и покрај тоа се противи на задолжително носење маски и се сомнева во истражувањата кои покажуваат ефикасност на маските во борбата против пандемијата.

Symbolbild Corona Impfstoff Biontech und Pfizer
Во вакцината на Бионтек/Фајзер се вложуваат надежиФотографија: imago images/Political-Moments

„Виновен е претседателот Трамп“

Кристина Бјоркман од малото гратче Де Смет, Јужна Дакота, е една од стотиците илјади луѓе кои загубиле свој близок роднина од Ковид-19. Таа ја обвинува политиката дека потфрлила, затоа што дебатата за обврската за носење маски е политизирана, наместо да се води само на медицинско ниво. „Мислам дека претседателот Трамп е виновен за тоа“, вели Бјоркман, додавајќи дека тој е прв кој посеал сомнеж во ползата од носењето маски.

Затоа, новоизбраниот претседател Џо Бајден најави дека по стапувањето на должност на 20 јануари со декрет ќе наложи обврска за носење маски. Но, додека таа обврска да покаже резултати, коронавирусот ќе однесе веројатно уште илјадници животи.