Цената на корона-вакцина – 5 до 15 евра
22 септември 2020Сју Миделтон, претседателка на Европскиот сојуз за имунизација, која вчера одговараше на прашања во Комисијата за здравство на Европскиот парламент во Брисел, смета дека ова е соодветна цена за доза вакцина. Но, во досегашните преговори, кои се водат зад затворена врата меѓу производителите на вакцини и Европската унија, уште не е договорена фиксна цена.
Заменикот-шеф на фармацевтскиот производител Санофи, Томас Триомф даде уверување дека ќе постојат фер и ниски цени на идните вакцини, посебно за земјите во развој ќе биде утврдена за нив достапна, пониска цена. Но, колку точно ќе чини вакцината за коронавирус, сега уште не е можно да се одреди со поголема точност. Истражувањата уште не се напреднати во толкав степен за да биде познато точното дозирање на средството за имунизација.
Повеќе:
Дали Русија ги манипулирала податоците за вакцината „Спутник”?
Германија: „Веројатни“ се повеќе корона-вакцини
„Успех би бил ако корона-вакцината барем го ублажи текот на болеста“
ЕУ планира првична вакцинација од коронавирус на 40% од населението
Европската комисија склучи рамковни договори со производителите Санофи и ГСК, како и со АстраЗенека за лиферување повеќе стотици милиони дози корона-вакцина. Зајклучени се и сондирачките преговори со натамошни производители на потенцијални вакцини. Но, досега за ниедна вакцина не е завршен процесот на тестирање и не е дадена дозвола за примена.