1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ планира првична вакцинација на 40% од населението

БГ /РТР
26 август 2020

Европската унија изработила план за првична вакцинација на околу 40 проценти од населението кој може да ги загрози плановите на СЗО за рамномерна распределба на вакцините во светот. Една вакцина нема да биде доволна

https://p.dw.com/p/3hXOy
Coronavirus Impfstoff Symbolbild
Фотографија: picture alliance/dpa

Земјите-членки на ЕУ, Велика Британија и земјите партнери на ЕУ, во кои спаѓаат и балканските држави, се согласиле на заеднички план за вакцинација од Ковид-19 кој би опфатил најмалку 40% од нивното население. Опфатот на ЕУ е двапати повисок од целта која ја постави Светската здравствена организација, која планира да купи вакцини за првична вакцинација на 20% од најранливото население во светот.

ЕУ проценува дека процентот на населението кое треба да биде опфатено со првичната вакцинација, тогаш кога ќе се развие вакцина, е најмалку 40% од вкупниот број, со што ќе се намали пристапноста до вакцината за помалку развиените држави.

„Опфатот на сите досега познати ризични групи ќе достигне околу 40% од населението, во зависност од ситуацијата и демографијата на државите“, се наведува во документот на ЕУ, усвоен кон крајот на јули од страна на здравствени експерти на ЕУ-членките, како и на Британија, Швајцарија, Норвешка и земјите од Балканот. Документот класифицира како „приоритетни групи“ над 200 милиони жители од вкупното население од 450 милиони на ЕУ, вклучително и лица со хронични болести, постари луѓе и здравствени работници. 

- повеќе на темата: Можна ли е повторна инфекција со коронавирус?

Здравите луѓе вработени во критични јавни сектори, како образование и јавен транспорт, исто така се вклучени во приоритетната група, иако документот на ЕУ не дава проценка за нивната бројност. Додавањето на оваа група ќе ја зголеми целната група на ЕУ на повеќе од проценетите 40%.

Целта на планот е да се создаде имунитет на стадо за населението на ЕУ што, според документот, ќе се постигне со натамошна вакцинација откако ќе се исполни првичниот процент од 40%.
Документот не дава временски одредници за брзината на реализацијата на планот, но наведува логистички предуслови кои треба да се исполнети за големата вакцинациска програма. Во нив се наведуваат транспортот во ладилници, обезбедувањето игли и локации за вакцинација, со можно учество на армијата и на цивилната заштита.

„Европа прва“?

Европската комисија во повеќе наврати повторуваше дека поддржува глобален, инклузивен пристап за вакцинација со кој ќе се овозможи еднаков пристап до сите во светот. Сепак, имплементацијата на овој план може да се смета и за стратегија „Европа прва“, во кој населението на ЕУ ќе добие приоритет, со што всушност се нарушува глобалниот пристап. 

- повеќе на темата: Трамп сака да ја вакцинира Америка прва

Документот не е обврзувачки за ЕУ членките и партнерските држави, кои можат да целат и кон повисок опфат на вакцинацијата.
Без оглед каква вакцина ќе биде на располагање, ЕУ очекува дека ќе биде потребна двојна вакцинација, со што дополнително ќе се намалат дозите на располагање за земјите во развој.

„Вакцинацијата со една доза во моментот е најневеројатната хипотеза, а двојната вакцинација најверојатна претпоставка“, се наведува во документот.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема