Смртоносен поход против кучињата
13 декември 2017Реклама
Сѐ почесто во македонските градови можат да се забележат масовни труења и брутално изживување врз животни. Отрови се фрлаат по улиците и дворовите. Последните денови, повеќе кучиња беа масовно отруени во Скопје. Повод беше нападот врз една мајка и дете во населба во Скопје од страна на едно расно куче чиј сопственик се уште не е пронајден.
Проблемот со кучињата скитници во Македонија е присутен со години, Исто толку време надлежните централни и локални власти најавуваат дека ќе најдат решение за него. Илјадниците животни-скитници се доживуваат како опасност од граѓаните, но истовремено, недозволиво е и законски забрането „правдата“ во вакви случаи да се зема во сопствени раце.