Избор за најгрдо куче во светот за 2017
Неаполитанскиот мастиф Марта ја доби наградата за Најгрдо куче во светот за 2017 година. Годишната награда која се доделува во Петалума, Калифорнија има за цел да ја зголеми свеста за посвојувањето кучиња.
Круната за Марта
Иако постарите и помали кучиња традиционално имаа најдобри настапи, годинешната награда за Најгрдо куче на светот отиде кај тригодишната, 57-килограми тешка кучка- Марта. Таа речиси ослепела поради негрижа пред да биде спасена во областа Сонома, Калифорнија. Ѝ беа потребни неколку операции пред да може повторно добро да гледа.
Мо е добитник на Духовната награда
Второто место, познато и како Духовна награда, се доделува на куче и на сопственик кое морало да надмине некоја голема потешкотија или да изврши некоја особена служба во заедницата. Најстарото куче во натпреварот, 16-годишниот Мо ги загубил слухот и видот, но чувството за мирис му е сеуште одлично.
Чејс патуваше преку Атлантикот за натпреварот
Чејс, 14-годишно кинеско голокожо куче, од Велика Британија, патуваше подолго од сите свои конкуренти за да се натпреварува во Калифорнија. Заврши на третото место.
Собирање пари за добротворни цели
Натпреварот за Најгрдо куче всушност е создадено за добри цели. Самиот натпревар има за цел да ја зголеми свеста за посвојување кучиња. На пример, Ики (на фотографијата) е редовен учесник кој го искористи својот изглед за да собере повеќе од 10 илјади долари за болни од СИДА. Ики бил спасен од стационар во Калифорнија.
Убавината е минлива
Жирито не доделува поени за природната грдост. Натпреварувачите се оценуваат и за првичната импресија, невообичаените атрибути, личноста и реакцијата на публиката. Повеќето кучиња биле посвоени од стационари или засолништа. Иако не привлекувале со убавината, нивните сопственици велат дека се работело за љубов на прв поглед.