1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Правна шлаканица за Трамп

Ж.А. /агенции
4 февруари 2017

Американски федерален судија привремено го блокира имигрантскиот декрет на претседателот Трамп, со кој на државјани од седум муслимански земји им е забранет влез во САД

https://p.dw.com/p/2WyQk
USA Präsident Donald Trump
Фотографија: Reuters/C. Barria

Федералниот судија Џејмс Робарт во сојузната американска држава Вашингтон, каде на власт се Демократите, ја запре привременозабраната за влез во САД на државјани од седум претежно муслимански земји, воведена со декрет на претседателот Трамп. Според судијата, важноста на указот би предизвикала непроправливи штети за граѓаните на Вашингтон. Судската одлука важи на цела територија на САД, сѐ додека не биде донесена конечна одлука по поднесената тужба од генералниот обвинител на сојузната држава Вашингтон, Боб Фергусон. Во неа тој аргументира дека декретот на Трамп е спротивен на основните одредби од уставот на САД, зашто ги дискриминира луѓето врз основа на религија. На тужбата од Вашингтон подоцна се придружи и Минесота.

По  пресудата од Сиетл, царинските власти ги информирале американските авиокомпании дека може да превезуваат патници од забранетите земји додека трае судскиот процес. Министерството за правда најави обжалување на пресудата на судот од Сиетл.

Суд го блокира имиграцискиот декрет на Трамп

Наредбата на Трамп издадена минатата недела предизвика протести и конфузија на аеродромите низ САД.

Според декретот на американскиот претседател, државјаните од Ирак, Иран, Јемен, Либија, Сомалија, Судан и Сирија не можат да добијат влезна виза во следните 90 дена. Погодени се и граѓани на ЕУ и други земји со двојни државјанства од овие држави. Истовремено, на сите бегалци им е забрането доаѓање во САД во следните 120 дена, а на сириските - на неодредено време.