1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија на нозе по одлуката на Иванов

Б.Г.13 април 2016

Повеќе илјади граѓани вчера излегоа на протести во Скопје против одлуката на претседателот Иванов да прогласи аболиција за сите политичари. Остри осуди од ЕУ и САД.

https://p.dw.com/p/1IUJ8
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Илјадници граѓани протестираа низ улиците на Скопје против одлуката на Иванов. Демонстрантите кои излегоа околу 18 часот, прво своето несогласување го изразија пред канцеларијата на Иванов во центарот на градот, а потоа направија прошетка од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, преку владата и повторно назад пред зградата на владејачката партија.

Граѓаните извикуваа „Оставка“, „Мафија“, „Нема правда, нема мир“. Врз канцеларијата на Иванов беше фрлано со јајца. Демонстрантите не успеаја да се приближат до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ кое беше чувано од кордони полиција.

Mazedonien Proteste in Skopje
Протести пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во СкопјеФотографија: Reuters/O. Teofilovski

Вечерта поголема група луѓе протестираше и пред седиштето на СДСМ поради, како што рекоа, аболицијата на Заев.

Одлуката на Иванов наиде на бројни реакции и осуда, како од домашните политичари, така и од ЕУ и САД.

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан ја критикуваше одлуката на Иванов како спротивна на владеењето на правото. На иста линија е и амбасадата на САД во Скопје.

Хан изрази сомнеж дали воопшто ќе бидат можни веродостојни избори во земјата по ваквиот потег на шефот на државата.

„Во светло на овие случувања, имам сериозен сомнеж дали се можни веродостојни избори во Македонија“, рече Хан, оценувајќи дека евроатлантската иднина на земјата е „сериозно загрозена“.

Mazedonien Proteste in Skopje
Фотографија: picture-alliance/AA/B. Ademi

Од ЕУ освен загриженост по одлуката на Иванов, потсетуваат и дека државата се обврза да го промовира владеењето на правото и борбата против неказнивоста.

Брисел притоа уште еднаш ја потврди поддршката за Специјалното Обвинителство и бара тоа „да продолжи да ги истражува сериозните проблеми кои беа откриени минатата година“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема