1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Корона-лекции од САД

Инес Пол
3 април 2021

Засукајте ги ракавите и работете: Под новото државно раководство, предностите на оваа прагматична девиза покажуваат резултати во САД кога станува збор за справувањето со корона-кризата, за разлика од ЕУ, смета Инес Пол.

https://p.dw.com/p/3rLvO
Corona Impfzentren in den USA
Фотографија: Win McNamee/Getty Images

Девет месеци не сум била во Германија. На почетокот на летото 2020 година, тргнав да известувам за изборите во САД за Дојче Веле. Не беа малку оние, кои не можеа да разберат зошто сакав доброволно да се преселам во оваа земја каде што демократски беше избран претседател кој ја градеше својата политичка моќ од лаги и од омраза.

Корона-кризата веќе беше во полн ек во тоа време. И додека во Америка бесниот човек во Белата куќа ја негираше смртната опасност од вирусот наспроти сите експертизи, Германија се чинеше дека е во најдобри раце. Канцеларка со образование од природните науки која со лесна нога и со наводно докажана компетентност се движеше низ џунглата од непрегледни бројки на инфекции, инциденции создаде доверба кај поголемиот дел од населението. 

На работ на нервен слом

Колку е поинаква ситуацијата сега. Од визни причини при посета дома, бев дел од групата сограѓани, на работ на нервен слом две недели. И не, навистина не разбирам зошто Германија дури сега почнува да ги вакцинира наставниците.

Повеќе:

-Бајден: „Сега мора да дејствуваме!“

-Џо Бајден планира комеморација за починатите од Ковид-19

-САД: Вакцинирање на векот

Исто така, не разбирам дека училиштата се отвораат и затвораат, а родителите често дознаваат дури навечер во 21 часот и 23 минути преку електронска пошта од тотално изнервирани наставници дали утре ќе има часови на масата во кујната или дали нивната ќерка ќе смее да оди три часа на училиште.

Ines Pohl Kommentarbild App
Инес Пол, авторка на коментаротФотографија: DW/P. Böll

Не разбирам се сфаќа здраво за готово тоа што семејствата се во опасност да се распаднат или веќе се распаднати затоа што товарот е едноставно преголем во нашата земја, каде, со години во владините програми на големо се пишува за поддршка на семејствата. 

Вечно тргни-застани

Не разбирам зошто на општите лекари кои уживаат огромен доверба кај своите пациенти и ги знаат нивните болнички картони не им е дозволено едноставно да вакцинираат. Значи и во овој случај повторно имаме тргни-застани, што пред сè ја зголемува нервозата.

Во моментот на оваа смртоносна глобална криза, станува јасно каде лежат големите предности на прагматичниот пристап кон животот на американското население. Откако Џо Бајден  борбата против пандемијата ја постави како свој главен приоритет,  во оваа земја има полет за кој Германија само може да сонува.

Вакцинации се вршат дури и во супермаркетите, а доколку луѓето не се појават или се откажат, на ред се сите оние што ќе се пријават претходно. Без каков било сертификат за предност во вакцинацијата.

Не знам дали ја знаете поговорката: Кажете што мислите за САД и јас ќе ви кажам кои сте. Особено за многу Германци, САД сè уште се проекциско платно или на слепо воодушевување или на длабок презир. Овие крајности не се праведни погледи кон разноликоста на оваа земја.

Во овие времиња, вреди да се упати трезвен поглед кон САД, со волја за наравоучение. Многу луѓе таму моментално дејствуваат според мотото „засукај ги ракавите и работи“. Доблест што долго време им се припишуваше на Германците, но се чини дека беше изгубена во „ситите“ години.

САД: Вакцинација со „турбо“ брзина