1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Соединети Американски Држави

САД планираат систем за известување за НЛО

АРД | СН
16 јули 2022

Во САД во иднина би требало да постои некој вид внатрешен владин систем за известување за НЛО. Претставничкиот дом на Конгресот започна соодветна програма.

https://p.dw.com/p/4EEbS
Фотографијата е направена на Нов Зеланд во 1979 година
Фотографијата е направена на Нов Зеланд во 1979 годинаФотографија: Mary Evans Picture Library/picture-alliance

Појавувањата на необјаснети небесни феномени - наводни неидентификувани летечки објекти (НЛО) - значително се зголемија во САД во последните години.

Претставничкиот дом во американскиот Конгрес сака да воспостави централна канцеларија во Пентагон, каде ќе се собираат сите информации за овие мистериозни појави на небото. Интерниот систем за известување има за цел му олесни на американскиот воен персонал, на пример, да ги пријави таквите појави на небото - а не да ризикува проблеми поради можно откривање на тајни.

НЛО на небото над Калифорнија?

На сослушувањето на оваа тема во мај, неколку пратеници се жалеа дека американската војска крие многу информации и изјави за необјаснетите небески појави.

Позадината на тоа се воените прописи за тајност, кои ги спречуваат пилотите на борбените авиони, на пример, да ги објават своите забележувања.

Заменикот министер за одбрана, Роналд Молтри, одговорен за воените разузнувачки работи, на сослушувањето во мај годинава вети подобрување и укажа на дилемите.

Роналд Молтри подсекретар за одбрана на САД (десно) на сослушувањето за НЛО во Претставничкиот дом на Конгресот на 17 мај 2022
Роналд Молтри подсекретар за одбрана на САД (десно) на сослушувањето за НЛО во Претставничкиот дом на Конгресот на 17 мај 2022Фотографија: Alex Brandon/AP/picture alliance

„Од една страна, американската војска сака да биде транспарентна за јавноста, а од друга, одредени воени информации мораат да бидат заштитени, односно чувани во тајност“, рече тој.

Многу стручњаци со децении се сомневаат оти зад многу од наводно необјаснивите небески феномени стојат нови типови на пробни авиони, проектили или дронови на војската. Системот за интерно известување кој е сега планиран има за цел да му помогне на американскиот парламент да добие преглед на она што се наводно необјасниви небески феномени, а што се само воени тестови.