1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бабиш се спаси – изгласана доверба на чешката влада

ЖА / агенции
4 јуни 2021

Четири месеци пред парламентарните избори во Чешка, на премиерот Андреј Бабиш му е изгласана доверба во парламентот.

https://p.dw.com/p/3uPzH
Tschechien I Regierungschef Andrej Babis übersteht Misstrauensvotum
Фотографија: David W. Cerny/REUTERS

89 пратеници гласаа за смена на кабинетот, со што не беше постигнато потребното мнозинство од 101 глас од вкупно 200 пратеници за соборување на владата. Опозицијата, во дебатата која се развлече цел ден, го обвини Бабиш за потфрлувања во сузбивањето на пандемијата на коронавирус. Во Чешка од почетокот на падемијата досега се регистрирани преку 30.000 смртни случаи поврзани со коронавирусот.

Решавачко беше што на крајот, пред гласањето, комунистите демонстративно ја напуштија салата наместо да гласаат против владата. „Ние нема да учествуваме во овој театар“, изјави нивниот лидер Војтех Филип.

Претседателот Милош Земан најави дека кабинетот во секој случај ќе остане на функција до изборите на почетокот на октомври. Во историјата на Чешка досега само еднаш се случило изгласување недоверба на владата.

Повеќе:

Во борбата против коронавирусот се брои секој килограм

Чешка: Убод во „Штрковото гнездо“ на Бабиш

Чешка: Ксенофобичниот премиер и неговите работници од странство

Бабиш е под притисок на повеќе фронтови. Нему му се заканува тужба поради проневера на пари од субвенциите на ЕУ, со што ќе се зафати  новофомираното обвинителство на ЕУ. Во седишттео на оваа институција во Луксембург се испратени два извештаи поврзани со случајот Бабиш, изјави прашкиот државен обвинител Борис Хавел за новинската агенција АФП.

Освен тоа, на мултимилијардерот му се префрла постоење судир на интереси како претприемач и политичар. Бабиш ги отфрла сите обвинувања. Во дебатата во парламентот тој посебно ја нападна Пиратската партија која води во најновите анкети на јавното мислење. „Ние во Чешка не сакаме никаква мултикултурна и еко-фанатична пиратска држава“, ијави Бабиш.