1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиЈапонија

Укинато предупредувањето од големо цунами во Јапонија

СН/агенции
1 јануари 2024

Јапонија го укина предупредувањето за цунами од највисоко ниво, издадено по серијата силни земјотреси, но им порача на жителите на крајбрежните области да не се враќаат во своите домови.

https://p.dw.com/p/4alyo
Предупредување од цунами од највисоко ниво на мобилните телефони  добија сите Јапонци  во погодениот регион
Предупредување од цунами од највисоко ниво на мобилните телефони добија сите Јапонци во погодениот регионФотографија: Tosei Kisanuki/The Yomiuri Shimbu/AP/picture alliance

Тоа беше првото предупредување од големо цунами во Јапонија по катастрофата во Фукушима во 2011 година во која загинаа 20.000 луѓе. Непосредно пред 14 часот по средноевропско време беше тоа сепак беше укинато: „Заканата од цунами сега е главно завршена“, соопштија јапонските власти, но им порачаа на жителите на крајбрежните области да не се враќаат во своите домови бидејќи сè уште постои можност од наплив на смртоносни бранови. „Цунами високо само 40 сантиметри е доволно да ве собори од нозете и да ве однесе далеку“, потенцираше Јапонската метеоролошка агенција.

Таа во предупредувањето од највисоко нив истакнаа дека брановите би можеле да бидат високи до пет метри во регионот Ното. Од жителите беше побарано да побараат безбедност на повисоките места. Потоа, бранови со висина од само 1,20 метри го погодија јапонскиот брег.

Предупредувања и извествања за цунамито имаше на сите телевизии во Јапонијаr
Предупредувања и извествања за цунамито имаше на сите телевизии во ЈапонијаФотографија: Eugene Hoshiko/AP/picture alliance

Цунамито беше предизвикано од серијата земјотреси, од кои најсилниот беше со интензитет од 7,6 степени според Рихтеровата скала, предизвикаа пожари и урнаа згради на западниот брег на главниот јапонски остров Хоншу. Сѐ уште не е познато дали има загинати или пак повредени во катастрофата.

Јапонската метеоролошка агенција извести за повеќе од десетина земјотреси во Јапонското Море во близина на брегот на префектурата Ишикава и блиските префектури нешто по 16 часот, по локално време односно околу 8 часот по средноевропско време.

Најмалку шест домови се оштетени во земјотресите, со луѓе затрупани во урнатините, изјави владиниот портпарол Јошимаса Хајаши. Како последица на потресот, пожар избувна во градот Ваџима, во префектурата Ишикава, а струјата беше исклучена за повеќе од 30.000 домаќинства, рече тој.

Распукан асфалт по силниот земјотрес во градот Ваџима во префектурата Ишикава
Распукан асфалт по силниот земјотрес во градот Ваџима во префектурата ИшикаваФотографија: Kyodo News/AP/picture alliance

Јапонскиот премиер Фумио Кишида по земјотресот истакна: „Вложуваме максимални напори да ја процениме штетата и да спроведеме итни мерки.“ 

Инаку предупредувањето за големо цунами важеше за префектурата Ишикава а предупредувања или совети за цунами од пониско ниво беа издаденуи за остатокот од западниот брег на островот Хоншу, како и за најсеверниот од главните јапонски острови- Хокаидо.

Агенцијата уште предупреди од афтершокови, кои може да ја погодат истата област во текот на наредните неколку дена. 

Урнатини по земјотрерот во местото Каназава во префектурата Ишикава
Урнатини по земјотрерот во местото Каназава во префектурата ИшикаваФотографија: Kyodo News/AP/dpa/picture alliance

Јапонија е една од најизложените земји на земјотреси, па затоа е добро подготвена за  вакви сценарија. Во мај истата префектура Ишикава беше погодена од земјотрес со јачина од 6,3 степени, при што загина едно лице.

Посебно се паметат земјотресот и цунамито од март 2011 година, кога загинаа 20.000 луѓе. Цунами ја погоди нуклеарната централа Фукушима, што доведе до најголемата нуклеарна катастрофа од Чернобил во 1986 година.