1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаЈапонија

По тешкиот земјотрес во Јапонија, следуваше цунами

ЕМФ | агенции
1 јануари 2024

По тешкиот земјотрес во Јапонија, земјата ја погоди првиот цунами-бран, соопштија јапонските метеоролози.

https://p.dw.com/p/4alDJ
Предупредување од цунами по тешкиот земјотрес во Јапонија
Предупредување од цунами по тешкиот земјотрес во ЈапонијаФотографија: Norikazu Tateishi/The Yomiuri Shimbun/AP/picture alliance

Јапонската метеоролошка служба јави дека Јапонија е погодена од цунами по тешкиот земјотрес од 7,6 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот се случи во централна Јапонија, а информации за жртви и штети засега нема. Предупредување од цунами беше издадено за регионите Ишикава, Нигата и Тојама, како и регионот Ното, каде се стравува од бранови со височина до пет метри. Жителите на овие области се повикани да се засолнат во повисоки места.

Електро-компанијата Хокурику Пауер соопшти дека врши контрола на своите нуклеарни централи, а конкурентската компанија Кансаи Електрик соопшти дека кај нејзините атомски централи не се забележани неправилности.

Јапонија лежи на т.н. Пацифички огнен прстен, каде има судир на тектонски плочи. Во тој дел од светот има често земјотреси и ерупции на вулкани. Поради тоа, во Јапонија има строги прописи за градба и редовно се одржуваат вежби за однесување во случај на земјотрес. 

На 11 мартт 2011 година, источниот брег на Јапонија беше погоден од земјотрес со јачина од 9 степени и од цунами. Природната катастрофа однесе 18.000 животи. Освен тоа, цунамито ја погоди нуклеарната централа Фукушима и доведе до експлозии и топење во јадрото на три реактори. Тоа беше најтешка нуклеарна несреќа во светот по онаа во Чернобил во 1986 година.