1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украинско жито се извезува преку хрватски пристаништа

ЖА /РТР
7 септември 2023

Украина, поради засилените руски напади врз нејзините пристаништа на Црно Море и на Дунав, почна со извоз на жито преку Хрватска.

https://p.dw.com/p/4W3wu
Украина жито
Украинско жито преку хрватски пристаништаФотографија: Stringer/AFP

Поради руската блокада на нејзините црноморски пристаништа, Украина почна да извезува жито преку хрватските пристаништа, изјави украинската вице-премиерка Јулија Свириденко во четвртокот (07.09.2023), додавајќи: „Иако станува збор само за споредна трговска рута, таа е доста заживеана и благодарни сме за оваа пружена можност“.

„Подготвени сме да го развиеме овој транспортен коридор со проширување на можностите“, рече таа. „Веруваме дека оваа логистичка рута ќе игра важна улога во билатералната трговија меѓу нашите земји и по војната“, истакна Свириденко, иако не кажа колку украинско жито веќе има извезено преку хрватските пристаништа.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба за време на посетата на Загреб кон крајот на јули изјави дека Украина и Хрватска ја договориле можноста  за користење на хрватските пристаништа на Дунав и на Јадранско Море за извоз на украинско жито.

Главната рута на Украина за извоз на жито се нејзините пристаништа во Црно Море, но Киев бара алтернативни патишта поруската инвазија минатата година и одлуката на Москва во средината на јули да се откаже од договорот за извоз на украинско жито,постигнат со посредство на ОН, а којшто гарантираше безбеденизвоз на украинско жито преку Црното Море.Киев во последно време сè повеќе ги користи и своите пристаништа на реката Дунав за извоз на жито, но Русија ја напаѓа постојано украинската пристанишна инфраструктура на Дунав.

Откако Русија се откажа од договорот,  дел од житото се праќа и со железница, но според украински брокери, железничките испораки до европските пристаништа се многу поскапи од директниот извоз преку украинските пристаништа.

Украинскиот трговски синдикат УГА оваа недела соопшти дека комбинираната жетва на жито и маслодајни семиња во тековнава 2023 година може да достигне 80,5 милиони метрички тони, а тоа значи дека во сезоната 2023/24 јули-јуни би можеле да бидат извезени околу 49 милиони тони.

Украинското министерството за земјоделство овој месец соопшти дека заклучно со 1 септември извозот изнесува вкупно 4,5 милиони тони.