1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тим од Вашингтон ќе „лови“ корумпирани функционери

ДТЗ
6 декември 2022

Тим за санкции од САД ќе врши увид во поранешните и сегашните корумпирани функционери, по што ќе следува и соодветен одговор, соопшти американската амбасадорка Анџела Агелер на Твитер.

https://p.dw.com/p/4KX10
Анџела Агелер
Тим за санкции од САД ќе врши увид во поранешните и сегашните корумпирани функционери, соопшти Анџела Агелер на Твитер.Фотографија: Reg. Nordmazedoniens

Тим за санкции од САД пристигна во Северна Македонија и ќе врши увид во поранешните и сегашните корумпирани функционери, по што ќе следува и соодветен одговор. Ова го соопшти американската амбасадорка Анџела Агелер на Твитер.

„Тимот за санкции од Вашингтон е тука заради поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги и обвиненија за да се покаже дека никој не е над законот“, порача Агелер на Твитер. 

Ваквата посета следи амбасадорката на САД, Анџела Агелер, во неколку наврати ја посочи корупцијата како еден од најголемите проблеми за развој на земјата. Заменик помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Балкан, Габриел Ескобар најави дека се предвидуваат санкции за корумпирани официјални лица од Балканот кои ќе бидат тргнати од одговорните позиции. 

Стејт департментот и американското Министерство за финансии на 11 април годинава ги ставија на црна листа експремиерот Никола Груевски и поранешниот прв човек на тајната полиција, Сашо Мијалков. Според Стејт департментот, нивните дела ги поткопуваат владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси и ја еродираат јавната доверба во владата. 

Скрининг процесот и напорите за забрзана интеграција на Северна Македонија во ЕУ ја кренаа на повисоко ниво агендата за бескомпромисна борба против корупцијата. Пораките коишто странските амбасадори во земјата ги упатија деновиве, најавија проветрување во сите сфери на општеството.