Србија: вонредни избори - единствена понуда?
26 мај 2023Режимските медиуми веќе со денови го одбројуваат времето до одржувањето на митингот во петок, 26 мај, со задолжителната забелешка дека тоа ќе биде „најмасовниот собир во историјата на Србија”. Собирот на Српската напредна партија (СНС) се смета за контрамитинг на протестите против насилство, на кои во три наврати излегоа импозантен број на граѓани. Властите тврдат дека никој нема да дојде под присила на собирот, но опозицијата тврди дека состојбата на теренот укажува оти има голем притисок врз вработените во јавните претпријатија за присуство во Белград. Секојдневно стигнуваат извештаи за голем логистички ангажман на СНС околу организирањето на митингот, а присуство најавуваат и од Република Српска, како и од Македонија во организација на поединечни здруженија на Србите. Покрај тоа власта се впушти во медиумска кампања која собирот не го дефинира како митинг, туку како некаков „собир за мир и надеж” на кој претседателот на Србија, Александар Вучиќ „ќе разговара со граѓаните за проблемите”. Како составен дел од кампањата е и акцијата за јавно зачленување на познати спортисти-пензионери во партијата во пресрет на митингот. Опозицијата од друга страна продолжувањето на протестите против насилството го најавува за сабота, 27 мај.
Спиновите со контраефект
„Мислам дека некои нерационални изјави и потези покажуваат дека партијата можеби за прв пат има во сериозен проблем”, оценува за ДВ новинарот Недим Сејдиновиќ. „Тој контрамитинг е многу лош одговор во моменталната ситуација затоа што до сега ги употребија сите можни трикови и граѓаните веќе стекнаа антитела на нивните потези. Нивните спинови и медиумската кампања сега веќе имаат контраефект. Дури и некои приказни за големи економски успеси во овој контекст добиваат контури на карикатури”, вели Сејдиновиќ.
Зоран Гавриловиќ, извршен директор на Бирото за општествени истражувања БИРОДИ вели дека „тој контрамитинг пред сѐ има функција да му опонира на граѓанскиот протест кој покажа настанување на нова јавност во Србија, како и да се влее страв со бројот на присутните лица. Другиот мотив е Вучиќ да објасни зошто си заминува од челното место во партијата и основа ново движење што само покажува дека Србија се оддалечува од демократија затоа што претседстелот на државата ќе биде на чело на некакво си движење”, вели Гарвриловиќ за ДВ.
За да ги избегнат обвинувањата за контрамитинг, челниците на партијата за време на изминатите денови усвоија нова реторика која зборува за „собир на мирот и надежта”. Најавата на претседателот на Србија дека на тој митинг ќе разговара со граѓаните според Сејдиновиќ исто така е „една од истрошените пароли. Тоа ќе биде митинг за негова липна промоција и враќање на изгубениот легитимитет на власта. Тие граѓани ќе бидат таму само како еден вуд украс на една политичка претстава“, смета нашиот соговорник.
Токсичен јавен говор
Гавриловиќ обраќа внимание на тоа дека „Александар Вучиќ пред сѐ не умее да разговара. И тој собир ќе биде прилика за уште еден монолог на Вучиќ. Пред еден месец имавме овде известител на ООН за слободата на говорот која заклучи дека во Србија постои токсичен јавен говор за кој се одговорни јавните функционери и дека РЕМ не си ја врши работата”, вели тој.
Собирот на опозицијата е најавен за ден подоцна, на 27 мај и засега е објавен план на протестите кој се сведува на опколување на Радио телевизија Србија. Ако се погледаат барањата кои тие протести им ги испорачаа на властите, Недим Сејдиновиќ смета дека се „изводливи бидејќи тука и обаја институциите не одлучуваат за ништо. И ако Вучиќ одлучи дека Советот на РЕМ ќе поднесе оставка тоа и ќе се случи. Но, во исто време тие барања се и нереални, затоа што СНС и Вучиќ нема да се одречат од ниту еден медиум оти туе се главните полуги на нивната власт. Многу пореално е да се остварат некои политички барања врзани за оставки на поединечни функционери”, проценува Сејдиновиќ.
„Информер” сега и на ТВ
А, колку е власта подготвена да ги исполни барањата на медиумската сфера покажува и вчерашната одлука на РЕМ на таблоидот „Информер” да му се издаде дозвола за емитување на ТВ програми. Таблоидот според извештаите на Советот за печат, за само четири месеци направил 512 прекршоци на Кодексот за новинари на Република Србија. Порталот „Раскринкување” обелодени дека „Информер” минатата година бил шампион со манипулации на насловните страници.
Движењето „Двери” во своето соопштение оценува дека со тоа „РЕМ им се потсмева на граѓаните кои на протестите бараат смена на ова регулаторно тело”. Членката на Советот на РЕМ, Јудита Поповиќ, изјави дека „таа дозвола е противзаконски издадена бидејќи не е поднесен елаборат за ТВ програмата” и дека затоа не е ни познато каква програма ќе емитува „Информер”. Гавриловиќ нагласува и дека според него, “ова за прв пат се барања на граѓаните, а не на опозицијата. Волкав број на луѓе на улица е пред сѐ некаков вид самопомош. Дури и претставници на бласта во своите настапи се обидуваат да ја раздвојата опозицијата од граѓаните и тврдат дека граѓаните на улица немаат ништо лошо да кажат. Вучиќ сега има проблем со граѓаните, а не со опозицијата”, оценува извршниот директор на БИРОДИ.
Избори: можеби опозицијата сега има подобра прилика?
Колку што може да се заклучи врз основа на јавните настапи, претседателот на Србија како најдобро решение за излез од сегашната криза гледа во распишување вонредни избори. Спремност да се оди на избори покажуваат и серија припадници од врвот на партијата и тоа е за сега, би се рекло, единствена понуда која ù се нуди на српската опозиција.
Сејдиновиќ забележува дека „за сега реакцијата на опозицијата покажува оти таа не е подготвена да прифати” и додава дека „ако се одлучи да ги распише тоа значи оти анкетите покажуваат дека СНС повторно млже да победи. Но, тука се враќаме на она што секогаш го зборуваме, дека изборите мора да бидат строго контролирани. Можеби опозицијата сега има подобра шанса кога граѓаните се мобилизирани, а тоа може да значи успешно спречување на разни злоупотреби. Голем е ризикот за опозицијата, но не мислам дека е многу помал за власта”, вели Сејдиновиќ.
Секако дека има таква понида, вели Гавриловиќ и додава дека „понудата е недемократски избори. Изборните услови се секоја година сѐ полоши. Опозицијата тоа мора да го прифати, но мислам дека тоа граѓаните нема да го прифатат затоа што протестите се одраз на општествени, а не на политички или партиски кризи”, вели Гавриловиќ.