Северна Кореја: 130 проектили кон демилитаризираната зона
5 декември 2022Со месеци на назат конфликтот околу Корејскиот полуостров станува сѐ поексплозивен. Војската на Северна Кореја истрелува сѐ повеќе ракети со зачестена фреквенција и ја заострува својата реторика против јужнокорејската влада во Сеул. Во последниот инцидент денеска околу 130 артилериски гранати беа истрелани во близина на внатрешната корејска граница.
Плотунот проектили бил насочен кон демилитаризираната зона во близина на поморската граница меѓу двете земји. Ова се смета за прекршување на меѓукорејскиот договор од 2018 година, кој има за цел намалување на тензиите. Војската на Јужна Кореја одговори на артилерискиот напад со неколку предупредувања кон Северна Кореја.
„Масивен воен одговор“
Генералштабот на севернокорејската народна армија, меѓутоа, соопшти дека Јужна Кореја истрелала десетици проектили во понеделникот во близина на заедничката граница.. Северна Кореја „секогаш ќе ги земе предвид сите провокации од непријателот и ќе одговори со решителна и масивна воена акција“.
Навистина, јужнокорејската и американската војска одржуваат заедничка копнена воена вежба во близина на границата. Сојузничките војски годинава зачестено организираат заеднички маневри, наведувајќи го одвраќањето на Северна Кореја како причина за тоа. Воените активности на Северна Кореја веќе некое време се засилуваат..