Се зголемува бројот на загинати по земјотресите во Јапонија
2 јануари 2024Земјата во Јапонија и натаму се тресе. Предупредувањето од цунами во меѓувреме е повлечено, но земјотреси има и натаму. Бројот на загинати во меѓувреме се зголеми на најмалку 30 лица. Половина од загинатите се од пристанишниот град Ваџима, на полуостровот Ното, каде, меѓу другото, голем број куќи беа уништени во пожар. Во тешко погодената префектура Ишикава има и 14 тешко повредени лица.
Централниот дел на Јапонија на првиот ден од Новата година беше погоден од низа тешки земјотреси и цунами бранови високи над еден метар. Најсилниот земјотрес имаше јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала. Метеоролшката служба на Јапонија регистрираше над 150 помали потреси.
По земојтресот без струја останаа околу 45 илјади домаќинства, а во многу места нема и вода за пиење. Јапонија лежи на т.н. Пацифички огнен прстен, каде се судираат тектонски плочи и поради тоа во тој дел од светот има често земјотреси ии ерупции на вулкани.