1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија тврди дека Украина планира инвазија на Транснистрија

ЕМФ | дпа
23 февруари 2023

Министерството за одбрана на Русија тврди дека Киев сака да спроведе вооружена операција во Транснистрија „под лажно знаме“.

https://p.dw.com/p/4NruA
Тираспол, Транснистрија
Тираспол, ТранснистријаФотографија: Sergei Gapon/AFP

Русија ја обвинува Украина дека планира вооружена операција „под лажно знаме“ во Транснистрија, пренесува руската агенција Тас.

Украинските војници и полкот Азов, како што се вели, планирале да спроведат инвазија под плаштот на инсцениран влез на наводни руски трупи во регионот. Министерството за одбрана на Русија, се додава натаму, било подготвено да реагира на секаква промена на границата помеѓу Украина и Транснистрија.

Во регионот Транснистрија, кој е отцепен од Молдавија и се наоѓа на границата со Украина, од 1990-тите се стационирани руски војници, кои таму настапуваат како т.н. мировни трупи. Поранешната советска република Молдавија не е дел од НАТО, а политички е поделена помеѓу проевропски и проруски сили.

Во регионот Транснистрија, кој е отцепен од Молдавија, од 1990-тите се стационирани руски војници
Во регионот Транснистрија, кој е отцепен од Молдавија, од 1990-тите се стационирани руски војнициФотографија: Goran Stanzl/Pixsell/imago images

Тајната служба на Република Молдавија уште во декември ја обвини Русија дека планира инвазија, која би почнала во периодот помеѓу јануари и април. Намера на Русија, како што се вели, е анексија на Транснистрија и Молдавија. И украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија веќе има конкретни планови за уништување на политичкиот поредок во Молдавија.