1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаФранција

Пензиската реформа ги извади Французите на улица

17 март 2023

Илјадници Французи излегоа на улиците поради зголемување на старосната граница за пензија од 62 на 64 години. Во поголемите градови дојде до жестоки судири со полицијата. Улиците на Париз и Марсеј изгледаа како бојно поле.

https://p.dw.com/p/4OqwM

Донесувањето на одлуката за спроведување на спорната реформа без гласање во Собранието, собра илјадници демонстранти на Плоштадот Конкорд, најголемиот во центарот на Париз. Тие фрлаа камења на полицајците, кои возвратија со солзавец и водени топови. 

Протести имаше и во многу други градови во Франција – луѓето излегоа на улици од Шербур на север, до Монпење на југ, од Нант на запад до Нанси на исток на земјата. Французите се фрустрирани и бесни и не рзбираат како владата можеше да ја донесе пензиската реформа.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема