1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што работи Европскиот парламент?

Бернд Ригерт | Лусиа Шултен
8 јуни 2024

Европскиот парламент има 720 пратеници. Дознајте што работат во текот на нивниот петгодишен мандат. #ЕУгласа2024 #ЕУизбори2024

https://p.dw.com/p/4gmz1

Што работи Европскиот парламент?

720-те европратеници и нивните илјадници вработени ќе патуваат многу. Отприлика еднаш месечно тие се собираат во францускиот град Стразбур - официјалното седиште на Парламентот.

Повеќето месеци имаат и „зелена недела“, кога парламентарците работат во своите матични земји и директно се среќаваат со своите гласачи. Остатокот од времето работат од Брисел.

Имањето две седишта чини многу, но претходните обиди за нивно обединување пропаднаа поради француското вето.

Во својот петгодишен мандат, Европскиот парламент се занимава со стотици закони.

Повеќето од нив се однесуваат на регулирање на ЕУ-економијата на единствениот пазар, справување со климатските промени и носење правила за земјоделството.

Кога станува збор за надворешната политика, одбраната или здравството, парламентарците немаат толку големо влијание.

Иако парламентот се избира директно од граѓаните, тој го нема сам последниот збор при носењето нови закони, туку мора да работи заедно со Советот на ЕУ, кој ги претставува 27-те влади на ЕУ.

Законите на ЕУ често се компромис и може да минат повеќе години додека луѓето дома ги почувствуваат нивните први практични влијанија.

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија