1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов пакет санкции на ЕУ против Русија

ЖА / агенции
21 февруари 2024

Кратко пред двегодишнината од воената инвазија на Москва врз Украина, ЕУ договори нов, 13-ти пакет санкции против Русија.

https://p.dw.com/p/4cfuu
Седиштето на Европската комисеија во Брисел
Седиштето на Европската комисеија во БриселФотографија: Valerio Rosati/Zoonar/picture alliance

Претставниците на 27 земји од ЕУ во Брисел постигнале договор за значително проширување на листата на лица и институции чиј имот во Европа ќе биде замрзнат. Санкционирани ќе бидат и натамошни претпријатија кои можат да придонесат за воено и технолошко зајакнување на Русија, односно за развој на нејзиниот одбранбен сектор. Ним ЕУ нема да смее веќе да им продава стоки и технологија која Русија би ја користела во војната против Украина. 

Новиот пакет санкции не содржи нови економски секторски забрани за увоз, нагласи на платформата Х претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, но со него е проширена листата на санкции на ЕУ со речиси 200 нови организации и приватни лица.

Санкционирачкиот пакет треба да биде формално потврден до сабота, до двегодишнината од руската инвазија врз Украина. На 24 февруари 2022 Русија изврши напад врз Украина и оттогаш држи под своја окупација големи делови на исток и на југ во соседната земја.

Во земјите-членки на Европската унија со месеци се водат дебати околу ефикасноста на  постепено заоструваните санкции.  Посебно тие воведени во економската област требаше да предизвикаат рез во државните примања на Русија, но во големи размери постојат патишта по кои  Русија нив ги заобиколува,  на пример засилено им ги продава својата  нафта и гас  на Индија и на Кина. Одредени руски производи, како уранот се изземени од листата на европски и американски санкции, со оглед на тоа што земји како Франција или САД се зависни од овој увоз. Дијамантите од Русија дури неодамна се најдоа на листата на забранети стоки за увоз. Членките на ЕУ неодамна се договорија каматите на  руските пари и имот кои се замрзнати во Европа,  да можат да се користат за Украина.

Според Европската комисија, станува збор за повеќе од 210 милијарди евра од Руската централна банка.