1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Награда на Европскиот парламент за Иранката Махса Амини

БГ /дпа
19 октомври 2023

Иранско-курдската активистка Махса Амини која почина во полициски притвор, и иранското женско протестно движење, ја добија наградата Сахаров за слобода на мислата која ја доделува Европскиот парламент.

https://p.dw.com/p/4XklO
„Жени, живот, слобода“ Протест Лондон Махса Амини
„Жени, живот, слобода“- протест во Лондон со фотографии на Махса АминиФотографија: Justin Ng/Avalon/picture alliance/Photoshot

Сахаров наградата и е доделена на Махса Амини и на иранското женско протестно движење, соопшти Европскиот парламент.

„Европскиот парламент гордо застанува зад храбрите и пркосните кои продолжуваат да се борат за еднаквост, дигнитет и слобода во Иран“, рече претседателката на парламентот на ЕУ, Роберта Мецола.

„Стоиме зад оние кои, дури и од затвор, и натаму ги оддржуваат 'Жени, Живот, Слобода' во живот', додаде таа, алудирајќи на слоганот на протестното движење. 

Амини, која тогаш имаше 22 години, падна во кома во септември 2022 година, а потоа и почина откако беше уапсена од иранската морална полиција поради наводно нарушување на исламските правила за облекување. 

Најголеми протести во Иран  

Нејзината смрт ги предизвика најголемите протести во Исламската република во последните децении, кои беа насилно задушени од режимот во Техеран. 

Протести Махса Амини Техеран Иран
Протести по смртта на Махса Амини во ТехеранФотографија: West Asia News Agency/REUTERS

ЕУ во повеќе наврати воведе санкции против Иран поради насилството врз демонстрантите и масовните апсења. 

Наградата Сахаров се доделува од Европскиот парламент од 1988 година на поединци и организации кои ги бранат човековите права и слободата на говор. Минатата година наградата му припадна на украинскиот народ за неговата борба против руската инвазија врз земјата. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи