Макрон ќе ѝ испрати борбени авиони „Мираж“ на Украина
7 јуни 2024Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека на Украина ќе ѝ стави на располагање борбени авиони од типот „Мираж“. Во Франција произведените авиони треба да ѝ помогнат на Украина во заштитата на копното и воздушниот простор, изјави Макрон за француската телевизија, без да прецизира бројка.
Освен тоа, францускиот претседател најави и воена обука на натамошни 4500 украински војници во Франција, повторувајќи ја подготвеноста за испраќање француски воени инструктори во Украина.
Украинскиот претседател и украинскиот министер за одбрана пред два дена со официјално писмо ги замолиле сојузниците за вршење обука на територијата на Украина, изјави Макрон. „Тоа значи, постои молба, а секогаш кога ќе примиме молба, размислуваме на каков начин можеме да помогнеме“, појасни Макрон, додавајќи дека не станува збор за обука во областите каде се води војна.
Макрон денеска ќе го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски во Елисејската палата. Зеленски ќе има средба и со францускиот министер за одбрана Себастијан Лекорну, при што треба да бидат потпишани повеќе договори.