1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаБелорусија

Лукашенко бара гаранции дека Русија ќе ја брани Белорусија

ЕМФ / ртр
10 април 2023

Белорускиот претседател Александер Лукашенко бара гаранции од Русија дека ќе ја брани неговата земја во случај на напад.

https://p.dw.com/p/4Psbq
Александер Лукашенко претседател на Белорусија
Александер Лукашенко, претседател на БелорусијаФотографија: Mikhail Klimentyev/Kremlin/Sputnik/REUTERS

Претседателот на Белорусија, Александер Лукашенко, му рекол на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу дека бара гаранции оти Москва ќе ја брани неговата земја доколку биде нападната, јави белоруската државна агенција БелТА.

Агенцијата го цитира Лукашенко со зборовите дека претходно за ова прашање разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, кој се согласил со него дека се неопходни безбедносни гаранции и дека тоа би требало да се формализира.

„Во основа, на разговорите (со Путин) тоа звучеше како во случај на агресија против Белорусија, Руската Федерација да ќе ја брани Белорусија како своја територија.Тоа се безбедносни (гаранции) какви што ни се потребни“, го цитира БелТА белорускиот претседател.

Белорусија Александер Лукашенко Русија Сергеј Шојгу
Белорускиот претседател Александер Лукашенко во разговор со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу (Минск, 10.04.2023)Фотографија: Andrei Stasevich/AP/picture alliance

Белорусија, која во моментов е домаќин на контингент руски трупи, ѝ понуди на Москва помош за време на нејзината воена кампања во Украина, која Русија ја нарекува „специјална воена операција“. На почетокот на војната Минск ѝ дозволи на Москва да ја употреби белоруската територија за да изврши напад врз Киев, кој беше неуспешен.

Воените вежби и посетите на високи руски претставници од крајот на минатата година разгореа шпекулации дека Белорусија можеби и формално ќе се приклучи во нов напад на Украина.

Лукашенко постојано ги негираше таквите намери, но рече дека Белорусија ќе одговори на какви било упади на нејзина територија или обиди за поттикнување немири.