1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Киев бара што побрзо помош во оружје

ЖА / агенции
15 февруари 2023

Ситуацијата на фронтот е тешка, но претседателот Володимир Зеленски е убеден во украинска победа, доколку ветеното оружје пристигне на време.

https://p.dw.com/p/4NUjU
Украина Бахмут војна
Украински војници на фронтот кај БахмутФотографија: Libkos/AP Photo/picture alliance

Кратко пред првата годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина, украинскиот претседател врши притисок за што поскоро доставување на помош во оружјеза нападнатата земја.

„Сведоци сме на обидите на Кремљ да го исцеди целосно агресорскиот потенцијал на Русија. Ним им се брза, зашто знаат дека светот на крајот е посилен, но му треба време за да ја развие својата сила“, изјави украинскиот претседател во својата видео порака, инсистирајќи на брза помош.

Зеленски се заблагодари на ветувањата за натамошнаиспорака на западно оружје, дадени неколку часа претходно на средбата на НАТО во Брисел, каде изостанаа меѓутоа конкретни напредоци околу барањата на Украина да добие западни борбени авиони Ф-16.

Ситуацијата на фронтот Зеленски ја нарече „екстремно тешка“, посебно во источните региони Доњецк и Луганск „се водат борби буквално за секоја педа на украинската земја“.

Најжестоки судири продолжуваат кај Бахмут, каде двете страни трпат големи загуби. Руската војска и платениците на групата Вагнер со месеци се обидуваат да го освојат градот. Според шефот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, битката за градот ќе потрае, зашто наидуваат на жесток отпор.