1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Израел одговори со воздушни напади на ракетирањето од Газа

ЖА / агенции
27 јануари 2023

По израелска рација со повеќе мртви, на Блискиот Исток повторно се разгорува насилството. Од Појасот Газа се истрелани ракети, по што израелската војска реагираше со нови напади.

https://p.dw.com/p/4MmIP
Израелски воздушни напади во Газа
Израелски воздушни напади во ГазаФотографија: Fatima Shbair/AP/picture alliance

Во екот на исклучително тензичната ситуација по убиството на десет Палестинци на Западниот Брег, Израел денеска изведе неколку воздушни напади во Појасот Газа. Тие се реакција на истреланите ракети од палестинската област, соопшти израелската армија, според која биле бомбардирани позиции на радикалното движење Хамас.

Ракетите испалени од Појасот Газа, за кои досега никој не презеде одговорност, биле пресретнати од израелската противвоздушна одбрана. Но, и Хамас и Исламски џихад се заколнаа на одмазда по судирите во кои израелската армија вчера (26.02.2023) уби десет луѓе во Западниот Брег.

Во израелска рација, за која израелската армија тврди дека била антитерористичка операција, во бегалскиот логор Џенин вчера биле убиени девет лица. Палестинците ја обвинуваат израелската војска за намерно користење солзавец во детски оддел во една болница, што Тел Авив го негира.

Толку висок број на жртви во поединечна израелска акција во Западниот Брег, според ОН, не е регистриран од почетокот на нивната евиденција во 2005 година. Освен тоа, како што тврди палестинското Министерство за разузнавање, вчера е убиен еден човек од страна на израелски војници во близина на Ерусалим.

Со вчерашните жртви, бројот на убиени Палестинци оваа година во Западниот Брег се искачи на 30, најголем дел од нив настрадале во судири со израелската армија.