1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиБлиски Исток

Нова ескалација на насилство меѓу Израел и Палестинците

СН/агенции
6 август 2022

Ова е најголемата ескалација во конфликтот на Блискиот Исток по повеќе од една година. Израелската армија врши воздушни напади врз Појасот Газа. Милитантните Палестинци возвраќаат со ракети.

https://p.dw.com/p/4FDGm
По вчерашниот израелски воздушен напад во градот Газа
По вчерашниот израелски воздушен напад во градот ГазаФотографија: Mohammed Talatene/dpa/picture alliance

Насилството на Блискиот Исток повторно ескалира. По целното убиство на милитантниот палестински лидер и неколку израелски воздушни напади врз Појасот Газа, ракети испукани од палестинската област паднаа врз Израел.

Предупредувачки сирени денеска можеа да се слушнат во неколку градови во јужниот дел на Израел. Во извештаите од Газа, се вели дека има првични обиди за посредување од страна на Египет, Обединетите нации и на Катар. Околу 190 ракети биле истрелани врз Израел од страна на милитантните Палестинци од петокот наваму, соопшти денеска израелската војска. Тие паднале на отворен простор или биле пресретнати од ракетниот одбранбен систем „Железна купола“.

Палестински ракети истрелани кон израелска територија се пресретнати од проектилите на одбранбениот систем „Железна купола“
Палестински ракети истрелани кон израелска територија се пресретнати од проектилите на одбранбениот систем „Железна купола“Фотографија: AMIR COHEN/REUTERS

Неколку градови, вклучително и крајбрежниот град Тел Авив, отворија јавни засолништа од воздушни напади поради страв од натамошно ракетирање.

Израелските вооружени сили во петокот започнаа голема воена операција против екстремистичката палестинска организација Исламски џихад . Воениот лидер на организацијата Таисир ал Џабари беше убиен во овие воздушни напади врз Појасот Газа. Според војската, високо рангираниот командант на Исламски џихад бил одговорен за ракетните напади од Појасот Газа и за планирани напади врз цивили.

Според палестински извори, најмалку 12 лица загинале во операцијата од петокот, меѓу кои и Ал Џабари, петгодишно дете и други членови на Исламски џихад. Повредени се 84 лица.  Израелските воздушните напади но и ракетирањето на израелската територија од страна на палестинските екстремисти продолжија денеска.

Инаку Исламски џихад е класифицирана како терористичка организација од ЕУ и од САД. Таа е тесно поврзана со израелскиот непријател Иран и е втора најсилна воена група во Газа по Хамас.