Блиски Исток: Ново насилство по примирјето
21 мај 2021Според светските новински агенции до избувнување на безредија и насилство најнапред дошло кај џамијата Ал-Акса во Ерусалим. Портпарол на израелската полиција изјави дека стотици млади Палестинците фрлале камења кон полицајците, па безбедносните сили морале да преземат мерки.
Според палестинските здравствени работници, 15 лица биле повредени откако полицијата, меѓу другото, користела гумени куршуми против палестинските демонстранти.
Токму вакви судири кај џамијата Ал Акса неодамна доведоа до ескалација на конфликтот меѓу Израел и исламистичкиот Хамас во Појасот Газа.
Повеќе:
-По примирјето на Блискиот Исток: радост и скепса
-Фотографија на денот: Прослава на примирјето
-Ердоган долева масло на огнот – го нарекува Израел „терористичка држава“
Освен овие инциденти во Ерусалим до помали судири дошло и на контролните пунктови во градовите Рамала, Витлеем и Наблус, на Западниот брег. Таму денешниот петок е прогласен за „Ден на гневот“.
Во конфликтот во Газа, прекинот на огнот со посредство на Египет е во сила од рано утрината. Израелската војска и палестинското исламистичко движење Хамас досега се придржуваа до примирјето.