1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаХоландија

Холандија: Популистот Вилдерс пред победа на изборите

СН/агенции
23 ноември 2023

Холандија доживува политички земјотрес по парламентарните избори. Партијата на десничарскиот популист Герт Вилдерс ќе освои убедливо најмногу пратенички места во новиот парламент, покажуваат излезните анкети.

https://p.dw.com/p/4ZL7r
Rechtspopulist Wilders liegt laut Prognose vorn
Фотографија: Remko de Waal/ANP/IMAGO

Холандскиот десничарски политичар Герт Вилдерс вети дека ќе ја „врати земјата на Холанѓаните“, откако излезните анкети покажаа дека неговата Партија на слободата (ПВВ) ќе освои најмногу места на парламентарните избори.

„Ќе мораме да најдеме начини да ги оправдаме надежите на нашите гласачи, да ги вратиме Холанѓаните на прво место“, рече тој на прес-конференцијата, јави Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс. Вилдерс изјави дека сега е време партиите да бараат договори.

„Не можеме да бидеме игнорирани“, порача Вилдерс.

Надминувајќи ги сите предвидувања, популистичката Партијата на слободата на Вилдерс ќе освои 37 места во 150-члениот парламент, 12 повеќе од нејзиниот најблизок ривал, коалицијата на лабуристите и зелената левица на поранешниот еврокомесар Франс Тимерманс, покажуваат најновите излезни анкети. Предноста на ПВВ е далеку поголема од очекуваното. Партијата на премиерот во заминување Марк Руте, конзервативната ВВД, е на трето место со 24 пратенички места. 

Премиерот во заминување Марк Руте гласа на парламентарните избори во Холандија
Премиерот во заминување Марк Руте гласа на парламентарните избори во ХоландијаФотографија: Phil Nijhuis/ANP/AFP/Getty Images

Досега владејачката коалиција ја сочинуваа ВВД, Демократите 66 (Д66), Христијанско-демократската Апел (ЦДА) и Христијанската унија (КУ), која имаше 77 места во Претставничкиот дом.

Според излезните анкети, овие партии на овие избори заедно освоиле 41 мандат.

Многу партии претходно најавија дека нема да влезат во коалиција со Вилдерс, па сѐ уште не е јасно кој ќе ја формира новата влада и сѐ ќе зависи од постизборните коалиции.

Лидерката на ВВД, Дилан Јешилгоз-Зегериус, направи преседан велејќи дека ќе соработува со Вилдерс доколку нејзината партија освои најмногу гласови, иако таа ја отфрли можноста да го поддржи Вилдерс за премиер доколку освои најмногу гласови.

Овие избори ќе стават крај на 13-годишното владеење на поранешниот премиер Марк Руте, кој не се кандидираше за функцијата.