1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иранскиот ајатолах му се закани на Израел со „тешка казна“

ЕМФ / дпа
31 јули 2024

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, најави одмазда за смртта на политичкиот лидер на исламистичкиот Хамас, Исмаил Ханија.

https://p.dw.com/p/4iwyL
Иранскиот ајатолах Али Хамнеи
Иранскиот ајатолах Али Хамнеи најави одмазда за смртта на ХанијаФотографија: Iranien Supreme Leader/ZUMA Wire/IMAGO

Иранскиот ајатолах Али Хамнеи најави одмазда за смртта на политичкиот лидер на исламистичкиот Хамас, Исмаил Ханија во Техеран. „Злосторничкиот ционистички режим (Израел) го уби нашиот гостин во нашата куќа“, објавено е на веб-страницата на врховниот ирански лидер. Ајатолахот Хамнеи најавува: „Ќе има тешка казна“.

Претходно, исламистичкиот Хамас се закани со голема ескалација на ситуацијата поради убиството на Ханија. Убиството на Ханија во Техеран „ќе ја однесе борбата во нови димензии“ и ќе има големи последици, соопшти Хамас.

Политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, беше убиен во напад во Техеран. Неговата смрт во посебни соопштенија ја потврдија и исламистичкиот Хамас и иранските Револуционерни гарди.

„Изутринава е нападната куќата на Исмаил Ханија во Техеран, при што загинаа тој и еден од неговите телохранители. Причината се истражува и ќе биде соопштена наскоро“, соопштија Револуционерните гарди.

Иран Исмаил Ханија Масуд Песешкијан
Исмаил Ханија вчера (30.07) присуствуваше на инаугурацијата на новиот ирански претседател Масуд Песешкијан.Фотографија: Iranian Presidency/ZUMA/picture alliance/dpa

Хамас соопшти дека Ханија е убиен во „предавнички ционистички напад на неговата куќа во Техеран“. Израел досега се нема изјаснето во врска со нападот.

Исмаил Ханија вчера (30.07) присуствуваше на инаугурацијата на новиот ирански претседател Масуд Пезешкијан.