1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Убиен политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија

ЕМФ | агенции
31 јули 2024

Во напад во Техеран е убиен еден од најважните лидери на исламистичкиот Хамас - Исмаил Ханија.

https://p.dw.com/p/4iw89
Иран | Исмаил Ханија
Исмаил Ханија живееше во егзилФотографија: Iran's Presidency/WANA/REUTERS

Полиитчкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, е убиен во напад во Техеран. Неговата смрт во посебни соопштенија ја потврдија и исламистичкиот Хамас и иранските Револуционерни гарди.

„Изутринава е нападната куќата на Исмаил Ханија во Техеран, при што загинаа тој и еден од неговите телохранители. Причината се истражува и ќе биде соопштена наскоро“, соопштија Револуционерните гарди.

Хамас соопшти дека Ханија е убиен во „ппредавнички ционистички напад на неговата куќа во Техеран“. 

Исмаил Ханија вчера (30.07) присуствуваше на инаугурацијата на новиот ирански претседател,.

Тој во 2017 година го наследи Калед Мешал на местото шеф на политбирото на Хамас. Тој живееше во егзил и престојуваше во Турција и во Катар.