Германското МНР е загрижено поради случајот со УНРВА
27 јануари 2024Министерството за надворешни работи на Германија изразува „длабока загриженост“ поради можно учесттво на соработници на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) во масакротна милитантно исламистичкиот Хамас во Израел, извршен во октомври минатата година. Министерството во Берлин го поздравува тоа што генералниот комесар на УНРВА, Филипе Лаѕарини, ги отпуштил дадените лица и најавил истрага за „тешките обвинувања“. На платформата Х германското МНР напиша: „Очекуваме таа (истрагата, н.з.) да биде темелна и целосна.“
Лаѕарини мора на вработените во УНРВА да им стави јасно до знаење „дека се целосно неприфатливи сите форми на омраза и насилство и тие нема да бидат толерирани“, се вели од Министерството за надворешни работи. Задача на УНРВА е да обезбеди неопходна и спасоносна помош за Палестинците, се вели во објавата на германското МНР на мрежата Х.
Лаѕарини претходно сооопшти дека Израелна УНРВА ѝ пренел информациии за сомневања за учество на повеќе нејзини соработници во теророт на Хамас. Генералниот комесар на УНРВА, како и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, се заканија и со кривични пријави.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека е „крајно загрижен“ поради сомневањата дека дванаесет соработниици на УНРВА можеби биле вмешани во терористичкиот напад на Хамас. САД привремено ги прекинаа дополнителните средства за оваа организација, а истото го стори и Италија. Германија е вториот најголем донатор по САД. Според сопствените информации, сојузната влада минатата година ја поддржала УНРВА со повеќе од 200 милиони евра.
Терористите од Хамас и други екстремистички палестински групи на 7 октомври минатата година убија повеќе од 1.200 луѓе во Израел.Израел одговори со масивни воздушни напади и копнена офанзива. Притоа, според здравствените власти под контрола на Хамас, загинале повеќе од 26.000 луѓе.